Период
До 4 месеци
Во распустот, + до 30 дена патување без работа
Услов
Редовни студенти
Најмалку 1 завршен семестар
Виза
J-1 виза
Одлуката ја носи конзуларниот орган
Достапност
20+ години
Програма со долга традиција
за програмата
Што е Work and Travel USA?
Work and Travel USA е официјална програма на US Department of State, создадена за културна размена и професионален развој на млади луѓе. Преку неа студентите можат да работат легално за време на летниот распуст, да го подобрат англискиот јазик, да стекнат меѓународно работно искуство и да го откријат американскиот начин на живот.
Работниот дел трае најмногу 4 месеци, во рамките на распустот и одобрените програмски датуми. Студентот мора да се врати пред почетокот на наставата. По успешно завршување следува период до 30 дена за патување и подготовка за заминување; во тој период не е дозволена работа.
Наш партнер: Dynamic Global Exchange (DGE)
Американскиот спонзор назначен од US Department of State ги обезбедува програмските документи, вклучувајќи го DS-2019. Кандидатот поднесува барање за J-1 виза, а одлуката ја носи надлежниот американски конзуларен орган. Контекст помага во подготовката и организацијата на постапката. Здравственото осигурување за одобрениот програмски период е вклучено во програмската такса.
услови
Кој може да аплицира?
Редовен студент кој активно студира во акредитирана установа надвор од САД
Успешно завршен најмалку еден семестар или еквивалент
Доволно познавање англиски за секојдневна комуникација
Одговорност, флексибилност и тимска работа
Подготвеност за работа во САД
предности
Зошто да учествуваш?
Легална и платена работа во САД
До 30 дена патување по успешно завршување (без работа)
Подобрување на англискиот јазик
Меѓународно работно искуство
Запознавање со студенти од целиот свет
Откривање на американската култура
работни локации
Каде можеш да работиш?
Примери на локации од досегашните понуди. Сместувањето може да биде организирано со помош на работодавачот или спонзорот; цената, депозитот и условите се наведуваат во конкретната понуда.
Ресторани, хотели, бутици, маринa — повеќе од 25 работодавачи. Сместување организирано со помош на работодавачот, според понудата.
Кујна и сервис
Housekeeping
Рецепција
Продажба
Бариста
Планински ресторани, пивници, барови и продавници во планинска средина.
Кујна и сервис
Бармен
Продажба
Сладолед
Историски остров без автомобили — кафетерии, продавници, историски паркови. Сместување според понудата.
Кујна
Продажба
Гостопримство
Луксузни одморалишта — базен, марина, хотелски персонал.
Pool Attendant
Housekeeping
Ресторан
Работните понуди се менуваат. Контактирајте нè за актуелни слободни позиции и детали за секоја локација.
процес
Како функционира?
1
Кратка апликација на сајтот
Пополнуваш кратка форма со основни информации. Не трае повеќе од 2 минути.
2
Контекст те контактира
Разговараме за достапните позиции, локации и услови. Ако одговараш, добиваш линк до детална апликација.
3
Детална апликација и CV
Пополнуваш детална апликација и CV. Контекст ги проследува до работодавачот и до спонзорот (DGE).
→ Генерирај CV
4
Интервју и прифаќање на понуда
Работодавачот може да закаже кратко онлајн интервју. По прифаќање на понудата, добиваш потврда за работа.
5
Подготовка на документација и аплицирање за J-1 виза
Спонзорот го издава DS-2019 по SEVIS регистрацијата. Закажуваш термин и поднесуваш барање за J-1 виза во Амбасадата на САД; одлуката ја носи конзуларниот орган.
6
Авиобилет и заминување
По добиена виза купуваш авиобилет. Контекст и DGE те придружуваат со информации до заминувањето и за времетраење на престојот.
прашања
Често поставувани прашања
Колку трае програмата?
Работниот дел трае најмногу 4 месеци, во рамките на распустот и одобрените програмски датуми, со враќање пред почетокот на наставата. По успешно завршување следува период до 30 дена за патување и подготовка за заминување, без право на работа.
Дали е потребна J-1 виза?
Да — потребна е J-1 виза. Спонзорот назначен од US Department of State ги обезбедува програмските документи (DS-2019), а одлуката за визата ја носи американскиот конзуларен орган. Контекст помага во подготовката на постапката.
Дали сместувањето е вклучено?
Сместувањето може да биде организирано со помош на работодавачот или спонзорот, но тоа не значи дека е бесплатно. Цената, депозитот и условите се наведуваат во конкретната понуда. Контекст помага со информации таму каде сместувањето не е организирано.
Колку чини програмата?
Work and Travel USA е платена програма. Контактирајте нè за актуелната програмска такса и преглед на трошоците.
Здравственото осигурување за одобрениот програмски период е вклучено во програмската такса. Покритието важи според условите и датумите на полисата и со навремено завршена регистрација кај спонзорот (SEVIS). За пристигнување пред почетокот или патување по завршувањето на програмата се проверува и уредува дополнително покритие. Пред пријавувањето добивате писмена понуда со вклучените ставки, другите трошоци и условите за откажување и поврат.
Дополнителното осигурување за откажување или прекин на патувањето е одделно од здравственото осигурување. Визното аплицирање, SEVIS, авиобилетот и сместувањето се прикажуваат според актуелната понуда.
Може ли да се пријавам со пријател?
Да — при аплицирање можеш да назначиш дека се пријавуваш заедно со пријател. Ќе се обидеме да ве сместиме на иста или блиска локација, но тоа зависи од достапните позиции.
До кога треба да аплицирам?
За актуелните понуди, условите и роковите за пријавување контактирајте го тимот на Контекст. Препорачуваме да аплицирате навреме — позициите и локациите се пополнуваат по редослед.