Сезонска работа за студенти во Германија

work & travel Germany

Студенти на возраст од 18 – 35 години кои имаат добри познавања од Германскиот јазик (јазични курсеви тука) можат сезонски да работат во Германија најдолго 90 календарски денови за време на официјалниот летен распуст кога немате предавања на факултет. Престојот и работното место во Германија треба да е одобрен од ZAV (Zentrale Auslands und Fachvermittlung). Добивате официјален договор за работа со заверен печат од ZAV.

Значи може да конкурираат сите студенти кои имаат познавања од Германски јазик (тестирање во Контекст со закажан термин), спремни се да работат најмалку 2 месеци и флексибилни се околу локацијата и работно место на сезонската работа.

Потребни документи

  • Пополни Апликација (тука)
  • Imatrikulationsbesheinigung, 3 оригинални потврди, се заверуваат на студентски прашања (формулар и пример тука)
  • Копија од пасош со важење од најмалку 6 месеци по датумот на враќање од Германија
  • Слики 2 пасошки формат
  • Табеларно CV – Lebenslauf на германски јазик (пример тука)

При пополнување на Imatrikulationsbesheinigung, Име и Презиме како во пасош, Универзитет и факултет на кој студирате (превод тука) кога сте почнале и кога треба да завршите со студии и времетраење на летен распуст. Нормално сите 3 примероци во оригинал и потпис и печат од Факултет.

Напомена: Примаме само оригинални документи заверени на Англиски и Германски јазик не се прифаќа:

  • Копии и скенирани Imatrikulationsbesheinigung,
  • Без печат и потпис од факултетот
  • Направени промени во Imatrikulationsbesheinigung, а на кои нема печат од факултетот кој ја одобрува промената.
  • Поправки со коректор – НИКАКО!

Пријавување

Пријавување и проверка на јазичните познавања се врши во Контекст со закажан термин (тука) од 01.10.2018 до 31.01.2019 година.

Комплетни апликации се примаат заклучно со 31.01.2019.
Најчести позиции за работа се во областа на гастрономијата (McDonald’s, Burger King) и чистење и одржување на објекти (хотели, ресторани).
Распоредувањето на позициите за работа зависи од познавањето на германски јазик, претходно работно искуство кое е голема предност и според барањата на работодавачите. Со примање на апликацијата не се гарантира понатамошно распоредување. Доколку од некоја причина сакате да се откажете од програмата, треба да се јавите во најкус можен рок за да можеме истата да ја прекинеме и навреме да ги повлечеме Вашите документи, според посебно пропишаните договорни услови за откажување.

Во најголем број на случаи Контекст наоѓа позиција за работа за сите студенти. Може да се случи, како што откажуваат студентите, да откаже и некој работодавач, ама тоа е многу редок случај.

Лето 2018

  • откажани студенти 2%
  • откажани работодавачи – ниеден

Распоредување на работни места и локации

По пријавувањето и комплетирањето на сите потребни документи следува распоредување. Ве известуваме за работно место и локација и треба во најкус рок најдобро веднаш да одлучите, дали ќе ја прифатите работната позиција. Работно место и локација претходно ќе биде внимателно одбрана соодветно на вашите барања и квалификации и одбивањето на истата ќе значи дека одбивате позиција за работа. Втора понуда ќе добиете кога сите други студенти ќе бидат распоредени на позициите за работа.

Сезонската работа во прв план треба да Ви даде можност да се запознаете со германската култура, јазик и начин на живеење при платена работа во Германија. Затоа треба да сте подготвени вредно да работите за време на сезоната. Покрај регуларното работно време, можно е да има потреба од дополнителни работни часови кои дополнително ќе Ви бидат платени. Работното време нема да биде од понеделник до петок, туку во зависност од потребите. Слободни денови може да ви бидат на пр. среда и/или петок. Најчесто работното време е 35-40 работни часови неделно.
Доколку временските услови не се поволни, можно е да не бидете ангажирани со полно работно време и во тој случај и заработувачката е помала.

Сместување

Постојат работодавачи кои нудат сместување и/или храна и трошоците ги одбиваат од Вашата плата. Најчесто со други студенти делите соба или стан. Тоа е најдобрата варијанта. Доколку работодавачот не Ви нуди сместување, тогаш таа обврска е на студентот нормално со помош на тимот на Контекст.

Заедно со вас бараме сместување кое во лето 2018 беше во просек 350 еур за кревет во три или четирикреветна соба.

Плата

Работен саат минимално е 9.05 еур и е ист со оној на германската работна сила. Најчесто платата се исплатува на крајот од месецот и за таа цел треба пред поаѓање да понесете доволно средства за првиот месец.
Внимание! Во дозволата за извршување работа од ZAV најчесто е наведена бруто платата. Ова не мора да соодвествува со нето платата која ќе ја добивате на лице место. За таа цел, со секоја добиена понуда за позиција прво се договарате со нас, дали воопшто се исплати да се прифати.