Building Blocks – Block Island, RI

Toy Store

Доколку сакате летото да го поминете на плажа, да искусите дел од американската култура и убавина, а воедно и да имате шанса да работите во американско опкружување, феноменалниот  Block Island е вистинското решение за Вас. Дел од сојузната американска држава Rhode Island, овој мал остров денес претставува скапоцен камен на природната и тивка убавина. Првпат е откриен во 1524 година од страна на Французите, подоцна од Холанѓаните во 1614 и конечно е населен во 1661 од страна на Англичаните. Домородци од племето Нарагансет биле жители на островот пред Англичаните и тие го нарекувале Островот на малиот Бог.  Денес Block Island претставува голема туристичка атракција на источниот брег и претставува дом на илјадници туристи секое лето,  одлично место за бегството од секојдневието.

Доколку имате одличен разговорен англиски јазик и сакате да работите со луѓе, за летово Ви нудиме одлична опција. Building Blocks е прекрасна активна продавница за играчки со многу муштерии. Уживајте во прекрасниот и шарен свет на играчките и бидете платени за истото! Building Blocks нуди сместување од 70$ неделно и плата од 9$/час, за комуникативни девојки коишто ќе работат во продажниот сектор. Погледнете ја магијата на продавницата на следните слики :http://www.yelp.com/biz/building-blocks-block-island?nb=1.

Не ја пропуштајте можноста да поминете незаборавно Summer Work and Travel лето! Работете, заработете и уживајте во прекрасниот Block Island – потврдено од многуте наши студенти коишто се одлучија токму таму да ги поминат своите лета неколку години по ред.

Повеќе за магијата на Block Island, погледнете на :

http://www.blockislandinfo.com/

http://www.blockisland.com/

http://www.blockislandchamber.com/

За детали ве очекуваме на 02 3110 065 и obrazovanie@kontext.mk !