Бебиситер Франција

Au Pair France Бебиситер Франција

Оваа програма Бебиситер Франција е единствена можност да поминеш период од 3-12 месеци во Франција како бебиситер. Ќе имате можност да живеете во француско семејство и тоа како рамноправен член, да посетувате настава на француски јазик, да запознаете пријатели од целиот свет и уживате во благодетите на француската култура. Оваа програма е сосема поразлична од Студентска работа во Германија или WORK AND TRAVEL USA.

Времетраење на програмата

Summer placement – за време на летниот период, 2-3 месеци престој, од јуни до септември. Предност имаат девојки кои знаат одлично да говорат и Англиски јазик и знаат да пливаат.

School year placement – во овој случај програмата трае 9-12 месеци и се реализира за време на училишната година. Најголемиот број на семејства се одлучуваат за оваа опција, па така и шансата да се отиде на програмата е поголема доколку се одлучите за неа.

Услови за учество во програмата:

  • Возраст од 18-26 години
  • Искуство со деца
  • Солидни познавања на францускиот јазик
  • Завршено минимум средно училиште
  • Флексибилни, самостални и позитивни
  • Возачка дозвола е предност
  • Чисто полициско досие
  • Одлична здравствена состојба

Рокови и заминување:

School year placement се реализира во текот на целата година, Summer placement од јуни до септември. Треба да бидете пријавени најмалку два месеци пред саканиот термин на заминување.

Повелете секој работен ден, кај нас во Агенција Контекст која се наоѓа … Google  знае се, со претходно закажан термин или за сите детали може на Инстаграм и Фејсбук. 

МОЖНОСТ ДА НЕ ОЦЕНИТЕ, СТИСНЕТЕ 5 ЗВЕЗДИ


СО ПОЧИТ, КОНТЕКСТ

MITROPOLIT TEODOSIJ GOLOGANOV 26
1000 SKOPJE, MACEDONIA
00389 23 223 579