Долгорочно вработување - Германија

Во текот на нашето 16 годишно функционирање како агенција, процедурата безброј пати се менувала, а Контекст секогаш навремено се прилагодува и придржува кон новите регулативи. Доколку имате европски пасош, се’ што треба е да ги разгледате работните позиции со кои располагаме моментално и да не’ контактирате. Во случај да немате европски пасош, првата виза во било кој случај треба да е издадена од страна на Амбасадата на Германија. Иако има повеќе начини како долгорочно да се вработите во Германија, моментално работиме само со неквалификуван кадар, односно по познатата програма „Регулатива за Западен Балкан“.

Добивање термин за виза

За да работите како неквалификуван кадар, потребен е само еден услов, а тоа е да добиете термин во Амбасадата на Германија. Според 26 став 2 од Одредбата за вработување („Регулатива за Западен Балкан“) Амбасадата на Германија спроведува лотарија еднаш месечно. Листата ќе биде отворена одреден временски период (вообичаено околу 2 недели), а по завршувањето на лотаријата која се одвива во германското Министерство за надворешни работи во Берлин, добитниците на термин се известуваат на меил. Исклучена е можноста да направите повеќе апликации, а истото може да ве доведе кон тоа да ви ги поништи претходните апликации. Како и ние, Амбасадата исто така препорачува да аплицирате за термин лично вие, исклучувајќи трети лица или агенции, бидејќи ниту они не добиваат било каква предност во добивањето термин. Во случај да не добиете термин, потребно е да аплицирате на истиот начин следниот месец, се’ додека не добиете термин.

Работни позиции

Доколку сте добитник на термин, тогаш е моментот кога треба да не’ контактирате нас! Располагаме со најразличен вид работни позиции, почнувајќи од системската гастрономија, дистрибуција, дезинфекција и неутрализација на објекти, вработување на аеродроми и слично. Се’ што треба да направите следно е да дојдете во нашите канцеларии со подготвено CV на германски јазик и пасош, заедно да одлучиме кое работно место и локација би одговарале на вашите желби и потреби, а истовремено вашите квалификации да одговараат на барањата на работодавачот и процедурата може да започне! Доколку се' уште немате CV, сега на нашата веб страна може да се направи CV. Контекст Ве предложува на работодавачот, а откако ќе ни ги испрати документите кои се потребни од негова страна, го комплетираме целиот пакет на потребни документи кои Ви се потребни за терминот без трошоци за посредување! Не, не треба да ни плаќате откако ќе добиете виза, ниту пак имаме процент од вашата плата. Контекст е официјален регрутер за Западен Балкан и токму затоа посредувањето е бесплатно! Доколку се’ уште не верувате, слободно обратете се’ на нашите телефони, социјални медиуми, или пак посетете ги нашите канцеларии! Работните позиции константно се менуваат, така што во моментов ги имаме следните работни понуди:

Видете ги програмите


Имате дополнителни прашања, а не можете да ги посетите нашите канцеларии? Закажете си онлајн инфо сесија на: Calendly

За Нас

Контекст е тим составен од дипломирани филолози кои имаат огромно искуство во спроведување на програмите за културна размена. Секој од тимот бил на некоја од програмите за културна размена. Наши карактеристики се исклучителна професионалност, висок стандард во комуникација, искрена и напорна работа со која Агенција Контекст стана препознатлива и почитувана агенција на целиот Балкан и пошироко.

Долгорочно вработување

Локација

Употреба на колачиња (Cookies)

Оваа веб-страна користи колачиња за автентикација, навигација и останати функции. Со користење на веб-страната се согласувате да ги добиете колачињата на вашиот уред.