Приказна од Ау Паир Америка

 Мими, Тетово, 27 години

Јас би ја препорачала Ау Паир програмата на сите кои сакаат да патуваат и да научат многу не само за Американската култура, но и за културата на многу држави ширум светот преку запознавање и дружење со Ау Паирс.
Јас сум тука една година и седум месеци и искуството е непроценливо! Се уште работам, односно сум дел од семејството кај истата фамилија. Една од најголемите придобивки е што бев во можност да патувам на многу места во Америка ( и да престојувам во луксузни хотели кај што не би ни сонувала да бидам) благодарение на фамилијата.
Се грижам за три деца на возраст од 5, 3 и година и пол. Звучи како многу работа, но всушност не е тешко бидејќи најстарото е во школо од 9-16, средното од 9-13, а јас си уживам со бебето дома. Фамилијата се придржува кон договорот: никогаш не сум работела повеќе од 45 часа неделно, викендите ми се слободни, имам кола која можам да ја користам во слободното време...
Бидејќи сум дел од семејството кое работи за Американската армија до сега се преселивме три пати...NY, VA, FL... Пред да дојдам во Америка мислев дека само во NY е убаво, но сега знам дека секоја држава во Америка има свои убавини.
Поздрав, одам да се спремам за на плажа! Ова ќе ми биде прва зима без снег, тука е нон стоп топло!!! Убавини!

© 2014 Kontext. Сите права се задржани.

Дизајнирано од Cube Systems .