Приказна од летна работна програма во Германија (2)

Предизвик, возбуда, неизвесност...страв! – сите овие чувства ме облеваа пред да се качав во авион за да ја видам Германија од поблиски..

Минатите 2 лета во Германија го изменија мојот поглед кон животот. Ги зајакнаа моите амбиции и ме натераа да барам повеќе од себе.

И ова лето го поминав таму и запознав уште повеќе пријатели, го доусовршив јазикот и прошетав на многу места. Либек е прекрасен град до богата култура.

Работата не беше страшна и германците не се ладни луѓе како што некој мисли. Тие едноставно очекуваат да бидат почитувани, а доколку го правите тоа тие ќе станат ваши пријатели.

Ги советувам идните кандидати кои сакаат да аплицираат, да не го сметаат ова како ризик, бидејќи е шанса што не смее да се пропушти. Не чекајте за утре, туку веднаш пријавете се и обезбедете си место за авантура. Секој што бил еднаш, сака повторно и повторно да се врати..Јас се гордеам на тој чекор.

Елена Здравевска

prikazna2-1

prikazna2-2prikazna2-3

© 2014 Kontext. Сите права се задржани.

Дизајнирано од Cube Systems .