Work And Travel Program USA

pdf

January and February Skype Interviews

pdf

Murdick's Fudge - Mackinac Island, MI

 Murdick-Fudge-G

Murdick's Fudge е место од соништата за љубителите на чоколадото и слатките. Отворен во далечната 1887 година, гордо го претставува историскиот идентитет на Mackinac Island, Michigan и на илјадниците посетители на островот им го нуди она што е главно обележје на истиот, кога е традицијата во прашање. Fudge всушност е вид на бајадера којашто е карактеристична за северниот дел на сојузната држава Мичиген. која се наоѓа во близина на американско-канадската држава.

Овој работодавач и годинава нуди повеќе позиции и обезбедува сместување за 95$ неделно, со вклучени 2 оброка дневно. Можете да работите како:

  • Fudge maker (male) - 7.75$/hour
  • Retail ( female ) -7.75 $/hour

Погледнете повеќе за Murdick's Fudge на                                         

: http://www.murdicksfudgemackinacisland.com/home.cfm

Mackinac Island се наоѓа на езерото Huron и важи за голема туристичка атракција на големите езера. Поголемиот дел од островот бил подложен на историска презервација и реставрација и денес е национално историско обележје на Америка. Островот располага со голем број на хотели, продавници и ресторани и е познат по големиот број на културни настани на коишто е домаќин. Интересен факт за Mackinac Island е што моторните возила на него се забранети и движењето се одвива со велосипеди и кочии со коњи. Токму на Mackinac Island е снимен филмот "Somewhere in time" (1980). 

За убавините на островот, погледнете повеќе информации на :

http://www.mackinacisland.org/

http://www.mackinac.com/

© 2014 Kontext. Сите права се задржани.

Дизајнирано од Cube Systems .