Work And Travel Program USA

pdf

January and February Skype Interviews

pdf

Island Moped- Block Island, RI

mopedG

Една од омилените дестинации на студентите за Summer Work and Travel e дефинитивно Block Island. Дел од сојузната американска држава Rhode Island, овој мал остров денес претставува скапоцен камен на природната и тивка убавина. Првпат откриен во 1524 година од страна на Французите, подоцна од Холанѓаните во 1614, конечно е населен во 1661 од страна на Англичаните. Домородци од племето Нарагансет биле жители на островот пред Англичаните и тие го нарекувале Островот на малиот Бог.  Денес Block Island претставува голема туристичка атракција на источниот брег и претставува дом на илјадници туристи секое лето, задржувајќи го шармот на историски прекрасното, мирот и бегството од секојдневието.

Веќе неколку години по ред Ви го претставуваме Island Moped , убедливо еден од омилените работодавачи на студентите.

 Сместувањето чини 85$ неделно, а годинава работодавачот нуди повеќе работни места што почнуваат на 15 Јуни за следниве позиции:

  • Desk worker - 9$/hour
  • Moped worker -9/hour

Не ја пропуштајте можноста да поминете незаборавно Summer Work and Travel лето! Работете, заработете и уживајте во прекрасниот Block Island - потврдено од многуте наши студенти коишто се одлучија токму таму да ги поминат своите лета неколку години по ред.

Повеќе за магијата на Block Island, погледнете на :

http://www.blockislandinfo.com/

http://www.blockisland.com/

http://www.blockislandchamber.com/

© 2014 Kontext. Сите права се задржани.

Дизајнирано од Cube Systems .