Atlantic Inn - Block Island, RI

  • Печати

atlanticInn

The Atlantic Inn е еден од најубавите хотели на островот на американското источно крајбрежје Block Island,RI.  Хотелот за првпат ги отвора своите врати во 1879 година и антички уредените соби без телевизор и радио на гостите им нудат уникатно и вистинско бегство од модерниот свет. Со прекрасен поглед кон океанот и неверојатно убава околина, овој хотел е еден од омилените на Block Island, остров што  претставува скапоцен камен на природната и тивка убавина,голема туристичка атракција на источниот брег и дом на илјадници туристи секое лето, задржувајќи го шармот на историски прекрасното, мирот и бегството од секојдневието.

The Atlantic Inn е еден од омилените работодавачи за нашите студенти а годинава за своите вработени нуди сместување од 125 $ неделно, со вклучени 2 оброка дневно. Можете да работите на една од следните позиции :

  • Housekeeping - +9$/ час
  • Dishwasher -9$/ час
  • Housekeeper/Breakfast Server/Front desk -9$/час

Погледнете повеќе за Atlantic Inn на следниов линк : http://www.atlanticinn.com/

Не ја пропуштајте можноста да поминете незаборавно Summer Work and Travel лето! Работете, заработете и уживајте во прекрасниот Block Island - потврдено од многуте наши студенти коишто се одлучија токму таму да ги поминат своите лета неколку години по ред.

Повеќе за магијата на Block Island, погледнете на :

http://www.blockislandinfo.com/

http://www.blockisland.com/

http://www.blockislandchamber.com/