Приказна од Work and Travel USA 2015

Агенцијата Контекст ми помогна да се вклучам во програмата  Work and Travel и воедно да поминам едно незаборавно лето во САД.  Работата и сместувањето беа како и во договорот, се беше организирано и претходно бевме известени за се што следува. Програмата е огромна можност и од голема помош за сите студенти, што сакаат да патуваат, да запознаваат нови луѓе и култури, да научат јазик и уште многу други незаборавни искуства. Работев на мал остров Mackinac Island, местото е мал рај на земјата, без автомобили, без чад, со многу коњи, велосипеди и природни убавини кој мораат да се видат. Уникатноста на местото е причина истото да биде посетено од многу туристи. Запознав прекрасни луѓе, стекнав многу искуства и посетив преубави места.

viktorija todorova 2

Им Благодарам на агенцијата Контекст, на најдобрата Даниела, која секогаш беше тука да ни помогне и на Спонзорот Деб Мартин
Без ваша помош немаше да успеам да ги видам сите тие убавини

Викторија Тодорова

© 2014 Kontext. Сите права се задржани.

Дизајнирано од Cube Systems .