Grand Hotel - Mackinac Island, MI

  • Печати

 

ghtl

ght1ght2

На фантастичниот Mackinac Island, Michigan, во прекрасно опкружување лежи неверојатниот и луксузниот Grand Hotel. Хотелот располага со 386 соби и сите се различно уредени. Многуте ресторани и одличната услуга и храна го прават фантастично место за поминување на летото. Погледнете ги фантастичните убавини на хотелот на следниов линк:  http://www.grandhotel.com/

Сместувањето чини 112 $ неделно, со вклучени 3 оброци дневно и Интернет. Студентите ќе бидат најмени за  позицијата:

  • Restaurant Assistant :  заработка од 8.49$ на час и голем број работни часови.

За локацијата :

Mackinac Island се наоѓа на езерото Huron во сојузната држава Michigan  и важи за голема туристичка атракција на големите езера. Поголемиот дел од островот бил подложен на историска презервација и реставрација и денес е национално историско обележје на Америка. Островот располага со голем број на хотели, продавници и ресторани и е познат по големиот број на културни настани на коишто е домаќин. Интересен факт за Mackinac Island е што моторните возила на него се забранети и движењето се одвива со велосипеди и кочии со коњи. Токму на Mackinac Island е снимен филмот "Somewhere in time" (1980).  За убавините на островот, погледнете повеќе информации на :

http://www.mackinacisland.org/                                             http://www.mackinac.com/