Работа за студенти во Германија

work & travel Germany

Програмата за Студентска работа во Германија е наменета за студенти на возраст од 18 па до 35 години кои имаат добро познавање од Германскиот јазик, разговорно ниво (јазични курсеви тука) и можат сезонски да работат во Германија најдолго 90 календарски денови за време на официјалниот летен распуст . Престојот и работното место во Германија треба да е одобрен од ZAV (Zentrale Auslands und Fachvermittlung). Добивате и официјален договор за работа со заверен печат од ZAV.

За да аплицирате треба да сте спремни да работите најмалку 2 месеци и да бидете флексибилни околу локацијата и работно место за сезонската работа.

Потребни документи за работа во Германија

  • Пополни Апликација (тука)
  • Imatrikulationsbesheinigung, 3 оригинални потврди, се заверуваат на студентски прашања (пополнети ви ги испраќаме на е-маил и истите треба да ги донесете заверени)
  • Копија од пасош со важење од најмалку 6 месеци по датумот на враќање од Германија
  • Табеларно CV – Lebenslauf на германски јазик со слика (пример тука)

Напомена: Примаме само оригинални документи заверени на Англиски и Германски јазик

Не се прифаќа:

  • Копии и скенирани Imatrikulationsbesheinigung,
  • Без печат и потпис од факултетот
  • Направени промени во Imatrikulationsbesheinigung, а на кои нема печат од факултетот кој ја одобрува промената.
  • Поправки со коректор – НИКАКО!

Пријавување

Проверка на јазичните познавања се врши во Контекст со претходно закажан термин (тука) во период од 01.10.2019 до 31.01.2020 година.

Комплетни апликации се примаат заклучно со 31.01.2020.
Најчести позиции за работа се во областа на гастрономијата (McDonald’s, Karls, Burger King), чистење и одржување на објекти (хотели, ресторани), Frankfurt Fraport Airport.

Распоредувањето на позициите за работа зависи од познавањето на германски јазик, претходно работно искуство , како и одередени барања на самите работодавачи. Со примање на апликацијата не се гарантира понатамошно распоредување. Доколку од некоја причина сакате да се откажете од програмата, треба да се јавите во најкус можен рок за да можеме истата да ја прекинеме и навреме да ги повлечеме Вашите документи, според посебно пропишаните договорни услови за откажување.

Во најголем број на случаи Контекст наоѓа позиција за работа за сите студенти. Може да се случи, како што откажуваат студентите, да откаже и некој работодавач, ама тоа е многу редок случај.

Лето 2019

  • откажани студенти 2%
  • откажани работодавачи – ниеден

Распоредување на работни места и локации

По пријавувањето и комплетирањето на сите потребни документи следува распоредување. Ве известуваме за работно место и локација и треба во најкус рок да одлучите, дали  ја прифаќате работната позиција. Работно место и локација претходно ќе биде внимателно одбрани соодветно на вашите барања и квалификации и одбивањето на истата ќе значи дека одбивате позиција за работа. Втора понуда ќе добиете кога сите други студенти ќе бидат распоредени на позициите за работа.

Програмата работа во Германија за студенти, во прв план треба да Ви даде можност да се запознаете со германската култура, јазик и начин на живеење со платена работа во Германија. Затоа треба да сте подготвени вредно да работите за време на сезоната. Покрај регуларното работно време, можно е да има потреба од дополнителни работни часови, кои дополнително ќе Ви бидат платени. Работното време нема да биде од понеделник до петок, туку во зависност од потребите. Слободни денови може да ви бидат на пр. среда и/или петок, а бидете спремни и за ноќна смена. Најчесто работното време е 35-40 работни часови неделно.

Сместување

Постојат работодавачи кои нудат сместување и/или храна и трошоците ги одбиваат од Вашата плата. Најчесто со други студенти делите соба или стан. Доколку работодавачот не Ви нуди сместување, тогаш таа обврска е на студентот, секако со помош на тимот на Контекст.

Заедно со вас бараме сместување кое во лето 2019 беше во просек 400 еур за кревет во три или четирикреветна соба.

Плата

Работен саат минимално е 9.25 еур , ист како и кај секој германец. Најчесто платата се исплатува на крајот од месецот и за таа цел треба пред поаѓање да понесете доволно средства за првиот месец.
Внимание! Во дозволата за извршување работа од ZAV најчесто е наведена бруто платата. Ова не мора да соодвествува со нето платата која ќе ја добивате на лице место. За таа цел, со секоја добиена понуда за позиција информирајте се кај нас за сите детали.

Со почит,

Контекст