Курсеви по германски јазик

Deutsch Lernen

Контекст нуди јазични курсеви по германски јазик за студенти и сите други кандидати кои планираат работно да поминат одредено време во Германија.

Целта на овие курсеви е да ве оспособиме за работа во Германија, да ја совладате основната терминологија за да можете непречено да ги извршувате работните должности, без потешкотии да се пријавите во сите легални институции во градот каде ќе престојувате и уште многу други вештини кои ќе ви го олеснат престојот.

Разликата помеѓу Контекст курсевите и останатите е што во Контекст покрај поставувањето на стабилна јазична основа ние ќе ве оспособиме и за престојот во Германија. Ќе научите од професионалци како да ги поминете сите институционални работи како добивање санитарна книшка, пријавување во општина, отворање на конто во банка, што очекува еден германец – работодавец од вас, како очекуваат да се однесувате на работа, која терминологија се користи на вашето работно место и ќе ги научите сите поими за работа во ресторани со брза храна, хотели, кафулиња, фирми за чистење, фабрики итн.

Курсевите се одвиваат во просториите на Контекст во деловната зграда на Палата Кузман, 4кат. Групите се направени според потребите на кандидатите и сите курсеви започнуваат после 17h, секој работен ден од понеделник-петок.

Пријавувањето е во тек, ве очекуваме!