Тим Контекст, за нас

Тим Контекст, Работа во Kancelarija

Тим Контекст почна да се формира септември 2007 година. Од тогаш, поминавме 25 344 часови ефективна работа во разговори со кандидати, одговоривме на преку 158 400 мејлови и безброј телефонски разговори … многу од нив после работно време …, безброј пораки на инстаграм и фејсбук, отпечативме повеќе од 220 000 страници хартија (не сме толку горди на тоа, ама закон мора да се почитува), со кои пополнивме 450 класери со пријави, биографии, апликации за виза, договори и решенија.

Контекст е тим составен од дипломирани филолози кои имаат огромно искуство во спроведување на програмите за културна размена. Секој од тимот бил на некоја од програмите за културна размена. Наши карактеристики се исклучителна професионалност, висок стандард во комуникација, искрена и напорна работа со која Агенција Контекст стана препознатлива и почитувана агенција на целиот Балкан и пошироко. Се пријавуваат се повеќе кандидати од Босна, Србија, Црна Гора и Албанија, па дури и од Белорусија и Украина. Многу сме горди на тоа!

Затоа што секој од Тим Контекст учествувал во некоја од програмите за културна размена, студентска работа во Германија, бебиситери или студентска работа во УСА … можеме да кажеме ТОЧНО ЗНАЕМЕ што ПРАВИМЕ и го правиме тоа најдобро!

Затоа повелете ве очекуваме, секој работен ден во нашите канцеларии каде ќе добиете пред се искрен одговор на сите ваши прашања кои се поврзани со некоја од програмите кои успешно ги работиме.

Тим Контекст, составен од:

Александра Божиновска   vrabotuvanje@kontext.mk

Добринка Демјански   studenten1@kontext.mk

Катарина Радичевиќ   studenten@kontext.mk

Душан Трајковски   contact@kontext.mk

Игор Дамчески   kontextsprachkurs@outlook.com

Ристе Божиновски riste@kontext.mk

Сара Дестановиќ   vrabotuvanje@kontext.mk

Контекст ве очекува!


СО ПОЧИТ, КОНТЕКСТ

MITROPOLIT TEODOSIJ GOLOGANOV 26
1000 SKOPJE, MACEDONIA
00389 23 223 579