Babysitter

AU-PAIR е програма за културна размена, на која учествуваат млади од цел свет. Целта на Au-Pair програмата е на младите да им се овозможи да престојуваат неколку месеци во друга средина, да ја запознааат културата и обичаите на земјата во која престојуваат и да го усовршат познавањето на странскиот јазик. Најдобрата придобивка на оваа програма е подобро разбирање и зближување со народот и културата во земјата која ќе ја одберат.

Учесниците на Au Pair програмата имаат обезбедено сместување и храна во одбрано семејство со обврска да посетуваат курс и да помагаат на семејствата во чувањето и воспитувањето на децата. За помошта околу чувањето се добива неделен надоместок кој е различен од земја до земја. Статусот на сите учесници на програмата е нивниот статус- тие не се ниту гости/туристи, ни вработени туку се Au Pair што претставува посебна статусна категорија. Статусот Au Pair во Европска Унија е регулиран со договор Accord europeen sur le placement Au Pair усвоен во Стразбург на 24.11 1969 од страна на Советот на Европа а во САД со документот Department of State Regulations Au pair(22CFR62.31).