Work & Travel USA

Гледате американски филмови, слушате американска музика, носите американски брендови за облека, користите техника развиена од американски компании. Се восхитувате на луѓето што веќе биле таму и на нивните слики на facebook и instagram. И мислите дека знаете сè што треба да знаете за Америка, но единствениот начин на кој вистински може да ја откриете огромната ветена земја, е всушност да ја живеете американската реалност и начин на живот барем за време на вашиот летен распуст. Затоа USA Work&Travel е вистинска програма за тебе!

USA WORK & TRAVEL е програма за културна размена која има за цел да им овозможи на студентите преку лето да работат и престојуваат во Америка (најмногу 4 месеци) и на тој начин се запознаат со американскиот начин на живот и  работа,  обичаите и културата. Главна  придобивка  од  оваа програма е усовршување на англискиот јазик, стекнувањето на работно искуство и разбирање на американската култура.

Програмата ќе ви го збогати CV-то, ќе ви го подобри англискиот јазик, ќе ви ги зголеми пријателствата од цел свет и ќе ве збогати со посета на нови места и доживување на нови авантури.