
Twist-N-Sprouts е бар за самопослужување со свежи салати и смрзнат јогурт и внесува свежина во историскиот амбиент на Mackinac Island, Michigan. Отворен е во 2012 година и има доста голема посетеност од страна на туристите во текот на летниот период. Ви нудиме единствена можност за работа во динамична средина, прекрасно опкружување и најважно од се: секојдневна комуникација на англиски јазик. На ова забавно место можете да работите како:
- Kitchen help/Server со плата од $8.50 на час со обезбедување од $ 100 неделно
Погледнете повеќе информации за Twist-N-Sprouts на:
https://www.facebook.com/TwistNSprouts
За локацијата:
Mackinac Island се наоѓа на езерото Huron во сојузната држава Michigan и важи за голема туристичка атракција на големите езера. Поголемиот дел од островот бил подложен на историска презервација и реставрација и денес е национално историско обележје на Америка. Островот располага со голем број на хотели, продавници и ресторани и е познат по големиот број на културни настани на коишто е домаќин. Интересен факт за Mackinac Island е што моторните возила на него се забранети и движењето се одвива со велосипеди и кочии со коњи. Токму на Mackinac Island е снимен филмот “Somewhere in time” (1980). За убавините на островот, погледнете повеќе информации на:
http://www.mackinacisland.org/
За детали ве очекуваме на 02 3110 065 и obrazovanie@kontext.mk !