Cedar Point Amusement Park – Sandusky, OH

Cedar Point Amusement Park - Sandusky, OH

Забавниот парк Cedar Point постои од 1870 година. Прогласуван е години наназад за најдобар забавен парк во светот со огромен број на знаменитости. Се наоѓа на самиот брег на Езерото Ири (Lake Erie) во Сандаски, Охајо каде што на 147 хектари. Таму се сместени 17 ролеркостери, многу луди железници и неверојатен воден парк со базени, ресторани, хотели, сопствена плажа и 2 пристаништа. Освен извонредните авантури за своите гости, Cedar Point е познат и по одличните услови и грижа за своите 3000 вработени. Нуди и  работа за студентите и тоа позициите Admissions Associate, Sales Associate, Food Service, Franchise Food, Ride Operator, Housekeeping, Security Tools Associate, Employee Cleaning Attendant, Park Services Associate, Linen Attendant, Wardrobe Clerk и обезбедува:

Cedar Point Amusement Park – Sandusky, OH

  • 8.10 $ на час со 35 работни часа неделно
  • Сместување од 30-45 $ неделно во соби со 2-3 кревети
  • Исклучително евтини оброци за вработените
  • Бесплатни униформи и бесплатно одржување
  • Бесплатно користење на сите атракции во целиот комплекс
  • Рекреативен центар за вработените со маси за пинг-понг, билијард, сендвичара, мини кино сала и бесплатен Интернет и слободни активности како забави, излети, патување до Чикаго, Нијагарините водопади и многу други!

Програмата ќе ви го збогати CV-то, ќе ви го подобри англискиот јазик, ќе ви ги зголеми пријателствата од цел свет и ќе ве збогати со посета на нови места и доживување на нови авантури. Главна  придобивка  од  оваа програма е усовршување на англискиот јазик, стекнувањето на работно искуство и разбирање на американската култура.

Интервјуа за работа: Саем на работодавци

www.cedarpoint.com