Island Moped- Block Island, RI

Rent a moped

Една од омилените дестинации на студентите за Summer Work and Travel e дефинитивно Block Island. Дел од сојузната американска држава Rhode Island, овој мал остров денес претставува скапоцен камен на природната и тивка убавина. Првпат откриен во 1524 година од страна на Французите, подоцна од Холанѓаните во 1614 и конечно е населен во 1661 од страна на Англичаните. Домородци од племето Нарагансет биле жители на островот пред Англичаните и тие го нарекувале Островот на малиот Бог.  Денес Block Island претставува голема туристичка атракција на источниот брег и претставува дом на илјадници туристи секое лето, одлично место за бегство од секојдневието.

Веќе неколку години по ред Ви го претставуваме Island Moped , убедливо еден од омилените работодавачи на студентите.

Сместувањето чини 85$ неделно,  за следниве позиции:

  • Desk worker – 9$/hour
  • Moped worker -9/hour

Не ја пропуштајте можноста да поминете незаборавно Summer Work and Travel лето! Работете, заработете и уживајте во прекрасниот Block Island – потврдено од многуте наши студенти коишто се одлучија токму таму да ги поминат своите лета неколку години по ред.

Повеќе за магијата на Block Island, погледнете на :

http://www.blockislandinfo.com/

http://www.blockisland.com/

http://www.blockislandchamber.com/

За детали ве очекуваме на 02 3110 065 и obrazovanie@kontext.mk !