
The Atlantic Inn е еден од најубавите хотели на островот Block Island,RI. Хотелот за првпат ги отвора своите врати во 1879 година препознатлив по антички уредените соби без телевизор и радио. На гостите им нудат уникатно и вистинско бегство од модерниот свет. Со прекрасен поглед кон океанот и неверојатно убава околина, овој хотел е еден од омилените на Block Island, остров што претставува скапоцен камен на природната и тивка убавина, голема туристичка атракција на источниот брег и дом на илјадници туристи секое лето, изобилувајќи со мир и бегство од секојдневието.
The Atlantic Inn е еден од омилените работодавачи за нашите студенти, а годинава за своите вработени нуди сместување од 125 $ неделно, со вклучени 2 оброка дневно. Можете да работите на една од следните позиции :
- Housekeeper/Food Runner – 12$/ час
- Dishwasher, Grounds, Housekeeper -12$/ час
Погледнете повеќе за Atlantic Inn на следниов линк : http://www.atlanticinn.com/
Не ја пропуштајте можноста да поминете незаборавно Summer Work and Travel лето! Работете, заработете и уживајте во прекрасниот Block Island – потврдено од многу наши студенти коишто се одлучија токму таму да ги поминат своите лета неколку години по ред.
Повеќе за магијата на Block Island, погледнете на :
http://www.blockislandinfo.com/
http://www.blockislandchamber.com/
За детали ве очекуваме на 02 3110 065 и obrazovanie@kontext.mk !