Karls Erlebnis Dorf

Karls erlebnis dorf

Karls Erlebnis Dorf или Карлс забавни паркови е работодавач кој во последно време е доста популарен меѓу студентите. Се повеќе студенти одлучуваат да се пријават за Кarls Erlebnis Dorf поради добрите услови и интересната работа.

Сите овие забавни паркови, Karls Erlebnis Dorf, се микс од продавници кои продаваат артикли од сопствено производство скоро се на тема Јагодa, поседуваат вкупно 300 хектари насади со јагоди, ресторани и атракции за уживање на посетителите.

Нуди вработување за студенти на следниве локации:

Локации Karls Erlebnis Dorf:

Erlebnis Dorf – Rövershagen, Rövershagen bei Rostock, Отворен од 1993

Warnsdorf, Warnsdorf bei Travemünde, Отворен од 2014

Erlebnis Dorf – Elstal, Elstal bei Berlin, Отворен од 2014

Erlebnis-Dorf Koserow, Koserow auf Usedom, Отворен од 2016

Erlebnis-Dorf Zirkow, Zirkow auf Rügen, Отворен од2012

Rittergut von Barby, Loburg bei Magdeburg, Отворен од 2018

Тематски секој од нив е различен а само Karls Erlebnis-Dorf Rövershagen во 2014 имал 1.200.000 посетители.

Дел од работните позиции во Карлс, пекари, производство на мармелад, чоколада сладолед, работилници за кафе, продавници за сувенири, ресторани продавници за карти.

Сместување

Постојат работодавачи кои нудат сместување и/или храна и трошоците ги одбиваат од Вашата плата. Најчесто со други студенти делите соба или стан. Тоа е најдобрата варијанта. Доколку работодавачот не Ви нуди сместување, тогаш таа обврска е на студентот нормално со помош на тимот на Контекст.

Заедно со вас бараме сместување кое во лето 2018 беше во просек 350 еур за кревет во три или четирикреветна соба.

Плата

Работен саат, минимално е 9.35 еур (важи за 2019 година), за истата плата работат и Германци. Најчесто платата се исплатува на крајот од месецот и за таа цел треба пред поаѓање да понесете доволно средства за првиот месец.

Внимание! Во дозволата за работа од ZAV најчесто е наведена бруто платата. Вие како студенти имате олеснувања при пресметката на нето плата т.е. плаќате само одредени даноци, убаво е да си студент. За таа цел, со секоја добиена понуда за позиција се договарате КОНТЕКСТ.