Вработување во Германија

Вработување vo Germanija

Контекст Вработување во Германија е наша специјалност повеќе од 10 години. Имаме работни позиции низ цела Германија и  вршиме селекција за вработување на  кандидати за голем број на работни места. Најголемиот број вработувања, за кои има голема побарувачка се во услужната дејност. Областа на системската гастрономија како што се McDonalds, SSP, ресторани на бензински пумпи, хотели, класични ресторани и кафетерии се наш приоритет за вработување. Саатницата се движи од 9.35 евра бруто по работен час, а вообичаено се работи помеѓу 35 и 40 часови неделно, во зависност од самиот договор за работа. Вработувањето во Германија е секогаш со работен договор и вообичаено е потпишан на 12 месеци.
Секој вработен во Германија од бруто плата му се одбиваат, одбитоци за пензиско и здравствено осигурување, како и за данок на доход. Даночната класа која варира од брачна состојба, деца итн.

Граѓаните на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Албанија може да добијат работна дозвола и престој во Германија. Работни дозволи се добиваат за скоро сите професии, обуки и помошнички дејности.

Потребни документи

  • Пополни Апликација
  • Копија од пасош од горенаведените држави или ЕУ пасош
  • Слики 2 пасошки формат
  • Табеларно CV – Lebenslauf на германски јазик
  • Познавања од Германскиот јазик, тестирање се врши во Контекст по претходно закажан термин. 

По успешно поминатата проверка за познавањата од германски јазик следи предлагање на кандидатот и интервју со работодавач од Германија. Доколку интервјуто помине успешно, следи процедурата за изготвување на потребната документација за германската амбасада.

НАПОМЕНА

Термин за виза во германска амбасада се чека до 12 месеци.
Македонски државјани, кои согласно новата регулатува ќе поднесат барање за виза поради вработување во Германија, не смеат во рамките на последните 24 месеци пред поднесувањето на барањето да имаат користено услуги според Законот за користење услуги на баратели на азил.

Повелете, поставете прашање за сите детали може на Инстаграм и Фејсбук. 

МОЖНОСТ ДА НЕ ОЦЕНИТЕ, СТИСНЕТЕ 5 ЗВЕЗДИ


СО ПОЧИТ, КОНТЕКСТ

MITROPOLIT TEODOSIJ GOLOGANOV 26
1000 SKOPJE, MACEDONIA
00389 23 223 579