Бебиситер Шпанија

Бебиситер Au Pair Spain

Да се биде Ау-Паир или Бебиситер во Шпанија претставува искуство преку кое ќе изучувате друг јазик, начин на живот и култура односно ќе станете член на семејството во земјата во која престојувате. Посетувањето на курсеви за изучување на јазикот е задолжително, со што добивате можност да запознаете нови луѓе од целиот свет. Оваа програма е сосема поразлична од Студентска работа во Германија или WORK AND TRAVEL USA.

Личноста која сака да учествува во програмата мора да сака и има способност да се грижи за деца, бидејќи тоа ќе биде примарната одговорност. Мора да го почитувате, да бидете учтиви кон семејството во кое ќе престојувате и секако да се вклучувате во нивните секојдневни активности. Траењето на Бебиситер програмата може да биде од 1- 3 месеци за време на летниот период, како и од 1 година, но не смее да биде подолго од 2 години.

Важно е да се знае дека Ау-Паир или Бебиситер не е домашна помошничка туку личност која е заинтересирана за изучување на јазикот во земјата во која ќе престојува.

Потребни услови:

Возраст 18 – 30 и основно познавање на јазикот, нормално без претходна осудуваност и со лекарско уверение. Пожелна е возачка дозвола. Интерес и способност за работа со деца и препорака за работно искуство за чување на деца.

Au Pair права: 

Секој бебиситер мора да добие целосно опремена најмалку еднокреветна соба, една недела платен одмор на секои шест работни месеци. Слободно време за присуство на часови, учење и дружење. Интензивна изложеност во автентична средина каде што ќе бидете прифатени како член на семејството. Џепарлак– 70 евра неделно и најмалку еден и пол слободен ден или повеќе.

Au Pair обврски:

Прва и основна обврска на секој бебиситер е да се грижи за децата и да го одржува својот простор чист и уреден. Да помага во основни обврски во доаќинството како, бришење прашина, пеглање, помош околу машината за перење и миење садови. Чување на деца 1 или 2 вечери во неделата (не-последователни денови). Вклученост во фамилијата како и секој друг член. Треба да платите за патот до земјата во која ќе престојувате како и за курсевите кои ќе ги посетувате. Семејството ги презема трошоците за пристигнувањето од аеродромот  или железничката станица во земјата до нивниот дом.

Постапка при пријавување за Ау-Паир или Бебиситер програмата

1.Пополнување на апликацијата и праќање на истата по е-маил
2. Фотографија. Со насмевка!
3.Писмо до семејството во кое ќе престојувате во кое ќе наведете повеќе за вашите хоби, интереси, семејство и конкретно да наведете зошто сакате да бидете АуПаир. ВАЖНО! Да биде напишано на јазикот на семејството каде што ќе престојувате
4. Фотографии од вас и вашата фамилија или од деца за кои сте се грижеле
5. 2 мотивациони писма
6. Копија од пасош
7. Копија од возачка дозвола (доколку поседувате)
8. Лекарско уверение со кое потврдувате дека не постои физичка или психолошка  пречка  да се грижите   за деца или да патувате во странство
9. Потврда за неосудуваност
10. Копија од диплома која би сметале дека би можела да допринесе кон вашата апликација
11. Европска здравствена книшка / European health card

Селекција: 

1. Интервју за комплетирање на профилот и за барање на семејство
2.Да се пополни формуларот и да се испрати со останатите документи, по е-маил
3. Ќе ги претставиме податоците на семејства кои би биле заинтересирани за профилот
4. ТИ одлучуваш дали си заинтересиран/а за семејствата кои ќе ти бидат предложени
5. Контакт со семејството преку Скајп
6. Кога ќе се потврди дека АуПаир и семејството се согласни, заедно со гарантното писмо може да го резервирате летот!

Повелете секој работен ден, кај нас во Агенција Контекст која се наоѓа … Google  знае се, со претходно закажан термин или за сите детали може на Инстаграм и Фејсбук. 

МОЖНОСТ ДА НЕ ОЦЕНИТЕ, СТИСНЕТЕ 5 ЗВЕЗДИ


СО ПОЧИТ, КОНТЕКСТ

MITROPOLIT TEODOSIJ GOLOGANOV 26
1000 SKOPJE, MACEDONIA
00389 23 223 579