
Програмата за бебиситер во Австрија е програма за културна размена којашто трае од 6-12 месеци. Кандидатите мора да бидат подготвени за живот во австриско семејство, да бидат флексибилни и ентузијастички настроени кон чувањето на деца, коешто е одговорна задача. Ау Паир во Австрија е програма наменета за млади девојки и момчиња коишто се одговорни и подготвени за предизвиците што овој тип на работа може да ги донесе, но и да бидат благодарни за придобивките коишто оваа програма ги носи со себе. Оваа програма е сосема поразлична од Студентска работа во Германија или WORK AND TRAVEL USA.
Времетраење на програмата: 6-12 месеци
Услови за учество на Бебиситер Австрија:
- Возраст од 18-28 години (со наполнување на 28 години, на секој ау паир му престанува работната дозвола и не може да продолжи со програмата).
- Искуство со деца
- Солидни познавања на германскиот јазик (минимум 6 месеци изучување на германски јазик)
- Завршено минимум средно училиште
- Флексибилни, самостојни и позитивни
- Возачка дозвола е предност
- Чисто полициско досие
- Одлична здравствена состојба
Рокови и заминување:
Се заминува во кој било период на годината , во зависност од потребите и барањата на семејството- домаќин. Семејства од сите делови на Австрија бараат ау паир и морате да бидете флексибилни во врска со локацијата.
Придобивки од програмата Бебиситер Австрија
Колку повеќе деца чувате, толку поголем е месечниот џепарлак
- Семејството покрива половина од трошоците за јазичниот курс ( задолжително е да посетувате месечен курс во првите 6 месеци од вашиот престој).
- Сопствена соба, 3 оброци дневно, дури и кога сте слободни
- Минимум 1 слободен ден неделно
- 25 дена платен годишен одмор
Повелете секој работен ден, кај нас во Агенција Контекст која се наоѓа … Google знае се, со претходно закажан термин или за сите детали може на Инстаграм и Фејсбук.