Бебиситер Германија

Бебиситер Германија

Au Pair или  Бебиситер Германија програмата е програма за меѓународна културна размена која се заснова на European Agreement on Au Pair placements. Усвоен во Стразбур на 24.Ноември 1969 година од страна на Советот на Европа, а со кој се регулирани условите за учество и статусот на секој AuPair. Младите од цел свет, кој пред се треба да се студенти (за некои држави тоа не е услов), во својство на учесници во AuPair програмата престојваат најмалку 6, а најмногу 12 месеци во претходно избрано семејство и на тој начин го усовршуваат јазикот на земјата во која престојуваат, и се запознаваат со нејзината култура и обичаите. Оваа програма е сосема поразлична од Студентска работа во Германија или WORK AND TRAVEL USA.

Една од најголемите вредности на оваа програма е стекнување на пријателства помеѓу различните култури. Најдобрата училница на светот е семејниот дом, а AuPair програмата на учесниците им овозможува да бидат интегрален дел на едно европско семејство. За помошта околу чувањето на децата AuPair имаат бесплатно сместување и храна во кругот на семејството и месечен надомест од 260 €.

Кој може да биде учесник во Бебиситер Германија програмата? 

  • Млади луѓе на возраст од 18-26 години кои имаат статус на студенти на некој од нашите Универзитети (пожелно)
  • солидно познавање на Германскиот јазик
  • добра здравствена состојба
  • да сте немажени / неженети
  • комуникативни, совесни, одговорни и отворени за други култури
  • возачката дозвола не е обврзувачка, но е пожелна


2. Обврските како Au Pair 

  • помош при чување на деца и при извршувањето на секојдневните домашни обврски (околу 30 часа неделно) и тоа шест часа дневно, пет дена во неделата, како и чување на децата навечер 2-3 пати во неделата.
  • обврска за редовно посетување на курс по германски јазик
  • да ја почитува и совесно ја извршува договорената работна обврска
  • пристојно да се однесува и облекува

Права на секој Au Pair

Au Pair има право на неделен надоместок, своја соба и храна во избраното семејство, платен годишен одмор од 4 недели (за пократок престој, два дена месечно), на учество во разни активности кои ги организира локалната  AuPair агенција, право на помош и поддршка од страна на агенцијата за време на целиот престој.

Пријавување:

Во нашата агенција можете да добиете пријава и список на документи треба да ги приложите. Пријави примаме во текот на целата година. AuPair кандидатот треба да се пријави 4-5 месеци пред замислениот термин на заминување на работа. Процедурата за добивање на виза во Германската амбасада трае од 6-8 недели.

Што ви е потребно од документи за пријавување на оваа програма?

  • Биографија (описна) или “LiebeFamilie” – Писмо во кое опширно ќе напишете се за Вас, Вашето семејство, Вашето образование, причините поради кои сакате да бидете бебиситер. . .
  • Пополнета апликација
  • Препорака дека сте чувале деца
  • Карактерна препорака
  • Лекарско уверение – заверено од матичен лекар
  • Потврда за познавање на јазик
  • Копија од пасош
  • 2 пасошки слики
  • најмалку 3 слики со друштво и со децата кои сте ги чувале направени како колаж

Сите потребни документи за добивање виза ќе ги добиете со посредсво на нашата агенција. Тука спаѓаат: Потврда од агенцијата заучество во Au Pair програмата со податоци за Au Pair семејството и времетраењето на престојот. За сите останати документи кои амбасадата може да ви ги побара, должни сте сами да ги набавите. Закажувањето на интервјуто во амбасадата го вршите лично!!

Повелете секој работен ден, кај нас во Агенција Контекст која се наоѓа … Google  знае се, со претходно закажан термин или за сите детали може на Инстаграм и Фејсбук

МОЖНОСТ ДА НЕ ОЦЕНИТЕ, СТИСНЕТЕ 5 ЗВЕЗДИ


СО ПОЧИТ, КОНТЕКСТ

MITROPOLIT TEODOSIJ GOLOGANOV 26
1000 SKOPJE, MACEDONIA
00389 23 223 579