Бебиситер Америка

Бебиситер Америка Au Pair USA

Бебиситер Америка е перфектна програма бидејќи е неверојатна можност да поминеш една година во САД, живеејки го Американскиот сон во вистинска смисла на зборот. Ова не е сезонска работа и може да се аплицира постојано и да заминеш наскоро. Од прва рака ќе доживеат и ќе бидат изложени на културата и начинот на живот во САД. Едно е да посетите некое место, да ги видите главните атракции и да си одите дома. Тоа е она што го прават туристите. Разбирањето на културата и нејзините традиции сепак трае повеќе од брза посета. Потребно е време за навистина да се запознае некое место и неговите луѓе.

Сигурно гледате американски филмови и слушате американска музика. Носите американски брендови за облека, и користите техника развиена од американски компании. Се восхитувате на луѓето што веќе биле таму и на нивните слики на facebook и instagram. И мислите дека знаете сè што треба да знаете за Америка.  Бидете сигурни, единствениот начин на кој вистински може да ја запознаете огромната ветена земја, е всушност да живеете и работите одредено време таму. Оваа програма е сосема поразлична од Студентска работа во Германија или WORK AND TRAVEL USA.

Како изгледа

  • Четиридневна ориентација во New York
  • Месечен џепарлак од $ 800
  • Сместување и храна кај семејтвото домаќин
  • Платен курс на локален колеџ
  • Две недели платен годишен одмор
  • Здраствено осигурување
  • Платен повратен авионски билет

Бебиситер Америка, освен поддршката од нас, заштита ти нуди и локалниот тим на Au Pair Care во областа кадешто ќе бидеш сместена во Америка. Во моментов има значителен број на малди луѓе од Македонија на истата програма коишто веќе се наоѓаат во Америка, како и огромен број на учесници од Латинска Америка, Африка, Азија и скоро сите европски земји.

Дали јас можам да бидам Бебиситер во Америка?

Доколку закажете термин и:

  • Си на возраст од 18 до 26 години.
  • Имаш искуство со деца
  • Добро го владееш англискиот јазик
  • Имаш завршено најмалку средно образование
  • Се карактеризираш со флексибилност,зрелост и самостојност
  • Поседуваш возачка дозвола (не е задолжително но е пожелно)
  • Не си осудуван/а
  • Се наоѓаш во добра општа здравствена состојба

Повелете, за полесно да не најдете Гугл и за да стиснете 5 звезди

СО ПОЧИТ, КОНТЕКСТ

MITROPOLIT TEODOSIJ GOLOGANOV 26
1000 SKOPJE, MACEDONIA
00389 23 223 579