Jolene (2008) watch online
Sinners and Saints (2010) online
Into the Abyss (2011) online

Сезонска работа во Германија

header

 

Сезонска работа за студенти во Германија – лето 2018

germanija1

Сезонска работа за студенти во Германија

1. Кој може да учествува во оваа програма?

Студенти на возраст од 18 - 35 години кои се редовни студенти и имаат многу солидни познавања од Германскиот јазик.

2. Дали на студентите им треба дозвола за извршување на работната пракса?

Да. Престојот на студентите кои доаѓаат од Македонија треба да биде одобрен преку ZAV (Zentrale Auslands- und Fachvermittlung), а со самото тоа и работното место кое ќе ви биде понудено треба да ги исполнува критериумите на ZAV. Документот кој што ќе го добиете како официјален документ за работа, треба да има печат од ZAV.

3. Колку најдолго трае програмата за сезонска работа за студенти во Германија?

Дозволено Ви е работната пракса да трае најдолго 90 календарски денови за време на официјалниот летен распуст кога немате предавања на факултет.

4. Кои услови треба да ги исполнувате?

Како прво треба да имате солидни познавања од Германскиот јазик (познавањата ќе бидат тестирани во нашата агенција). Треба да сте подготвени да работите најмалку два месеци во Германија. Вашата апликација за работа ќе биде поуспешна доколку сте подготвени да ја извршувате истата подолго и доколку прифаќате работа од повеќе бранши. Исто така треба да сте подготвени на фактот дека понудената работа може да биде насекаде низ Германија. Апликациите кои ќе се однесуваат на одредено место можат да не бидат земени во предвид. Доколку во апликацијата напишете дека поседувате возачка, би требало да бидете подготвени да возите и нормално - да знаете да возите.

5. Потребни документи

Во склоп на пакетот за аплицирање спаѓаат следните документи:

• Една пополнета апликацја
• 3 оригинални потврди за редовен студент (Формуларот се издава во Контекст)
• копија од пасош со важење од најмалку 6 месеци по датумот на враќање од СР Германија
• 2 актуелни пасошки слики
• Кратка биографија на германски јазик (табеларно CV - Lebenslauf)

 

6. Што треба да содржи оригиналната потврда за редовен студент?

• Име и презиме на студентот и дата на раѓање;
• На кој отсек студира студентот
• Потврда за запишан семестар
• Кога студентот започнал со студии и кога треба да заврши.
• Точно времетраење на летниот распуст - од прв до последен ден
• Информација дека по завршената сезонска работа студентот повторно се враќа на факултет и од која дата (поради продолжување на студиите).
• Оригинален потпис и оригинален печат од факултетот.
Напомена: Примаме само оригинални документи заверени на Англиски и Германски јазик.

Што не се прифаќа:

• Копии
• Скенирани документи
• Документи без печат од факултет
• Документи врз кои се направени промени, а на кои нема печат од факултетот кој ја одобрува промената на датите.
Поправки со коректор - НИКАКО!

7. До кога можете да се пријавувате?

Проверката на јазичните познавања се врши од 01.10.2017 до 31.12.2017 година. Комплетни апликации се примаат заклучно со 31.01.2018.
Напомена: Распоредувањето на позициите за работа зависи од познавањата на германски јазик и претходнто работно искуство, според барањата на работодавачите. Со примање на апликацијата не се гарантира понатамошно распоредување.

8. Дали можам да се откажам од програмата?

Доколку од некоја причина сакате да се откажете од програмата, треба да се јавите во најкус можен рок за да можеме истата да ја прекинеме и навреме да ги повлечеме Вашите документи, според посебно пропишаните договорни услови за откажување.

9. Дали сигурно ќе добијам место за работа во Германија?

Во најголем број на случаи се наоѓа позиција за работа за сите студенти. Може да се случи, како што откажуваат студентите, да откаже и некој работодавач, ама тоа е многу редок случај.

10. Што треба да направам кога ќе ми се понуди некоја позиција за работа?

Треба веднаш да одлучите, дали ќе ја прифатите работната позиција. Доколку не ја прифатите првата понудена позиција, подоцна можеби и нема да дојдете на ред поради огромниот број студенти што се пријавуваат. Позицијата за работа претходно ќе биде внимателно одбрана соодветно на вашите барања и квалификации и одбивањето на истата ќе значи дека одбивате позиција за работа. Втора понуда ќе добиете кога сите други студенти ќе бидат распоредени на позициите за работа.

11. Кои позиции за работа им се нудат на студентите?

Најчести позиции за работа се во областа на гастрономијата (пр. McDonald’s, Burger King),и чистење и одржување на објекти (хотели, ресторани).
Во хотелите и рестораните Ви се нудат следните позиции за работа: работа во кујна, собари, келнери, бар. За секоја работа Ви треба многу солидно познавање од германскиот јазик. Доколку имате претходно искуство во некоја од овие области, тоа ќе биде земено како голема предност.

12. Какви се условите за работа?

Сезонската работа во прв план треба да Ви даде можност да се запознаете со германската култура, јазик и начин на живеење при платена работа во Германија. Затоа треба да сте подготвени вредно да работите за Вашиот работодавач за време на сезоната. Покрај регуларното работно време, можно е да има потреба од дополнителни работни часови кои дополнително ќе Ви бидат платени. Работното време нема да биде од понеделник до петок, туку во зависност од потребите. Слободни денови може да ви бидат на пр. среда и/или петок. Најчесто работното време е распределено во шест работни денови со еден слободен ден.
Доколку временските услови не се поволни, можно е да не бидете ангажирани со полно работно време и во тој случај и заработувачката е помала.
Треба да имате предвид дека со сезонската работа ќе немате многу голема шанса да го усовршите јазикот како за време на престојот како бебиситер. Најдобар начин за учење јазик е секако Ау Паир престојот. Но, таа програма е многу поразлична од оваа и за неа посебно се аплицира.

13. Што е со сместувањето и исхраната?

Постојат работодавачи кои нудат сместување и/или храна и трошоците ги одбиваат од Вашата плата. Тоа се минимални суми за таа намена. Најчесто со други студенти делите соба или стан. Доколку работодавачот не Ви нуди сместување, тогаш таа обврска е на студентот.

14. Колку ќе бидам платен/а за работата?

Работниот саат на еден странец е ист со оној на германската работна сила. Најчесто платата се исплатува на крајот од месецот и за таа цел треба пред поаѓање да си земете средства за првиот месец.
Внимание! Во доволата за извршување работа од ZAV најчесто е наведена бруто платата. Ова не мора да соодвествува со нето платата која ќе ја добивате на лице место. За таа цел, со секоја добиена понуда за позиција прво се договарате со нас, дали воопшто се исплати да се прифати.

15. На што треба да посветам внимание пред поаѓање за Германија?

Како студент Вие нема да бидете здравствено осигурани во Германија, па за таа цел, а со наша помош ќе треба да си обезбедите здравствено осигурување во Македонија кое важи за Европа.
Внимание! Ве молиме да понесете уште една дополнителна копија од потврдата од факултет која на работодавачот му е потребна за пресметување на Вашата плата.

16. Како и каде треба да аплицирам за виза?

Од јуни 2010 нема потреба од вадење визи за сезонска работа во Германија. За да се евидентира вашиот престој во Германија, потребно е да се пријавите во општината во која ќе работите и живеете.

 

© 2014 Kontext. Сите права се задржани.

Дизајнирано од Cube Systems .