Горјан Арсев

Горјан Арсев

Летото 2019та година беше едно многу поинакво од моите претходни лета. На иницијатива на моите другари заминав на work & travel во Германија и дефинитивно не се покајав. Работев во Mc Donalds Rade ресторанот, кој се наоѓа во околината на Хамбург. Бев сместен во местото Венершторф, или што би рекле сите наши во странство: " во центарот на Хамбург брат баш под прозор ми беше плоштадот". Местото беше мало и тивко селце, а на работа одев со велосипед, одлично кардио за мене секојдневно. Во слободно време одевме да шетаме во Хамбург кој е прекрасен град со уште подобар ноќен живот! Да си млад, а да не го искусиш ноќниот живот во Хамбург е исто како да си бил во Македонија, а да не си пробал ајвар. На работа секој ден ми беше забава, се чувствував како да сум во Скопје и сите вработени ми станаа како браќа и сестри. Секој ден си учев нова песна во кујната, а детскиот сон да ја имам на располагање цела кујна на Мекдоналдс ми стана реалност. Програмата на Контекст ви ја препорачувам искрено и од срце, а лето поминато во Македонија на кафиња е изгубено лето и без спомени.

За Нас

Контекст е тим составен од дипломирани филолози кои имаат огромно искуство во спроведување на програмите за културна размена. Секој од тимот бил на некоја од програмите за културна размена. Наши карактеристики се исклучителна професионалност, висок стандард во комуникација, искрена и напорна работа со која Агенција Контекст стана препознатлива и почитувана агенција на целиот Балкан и пошироко.

Долгорочно вработување

Локација

Употреба на колачиња (Cookies)

Оваа веб-страна користи колачиња за автентикација, навигација и останати функции. Со користење на веб-страната се согласувате да ги добиете колачињата на вашиот уред.