Jolene (2008) watch online
Sinners and Saints (2010) online
Into the Abyss (2011) online

Бебиситер во Норвешка

header

norveska

Au pair е програма за меѓународна културна размена регулирана со европската спогодба за условите за учество во истата и статусот на бебиситерите кој е усвоен во Стразбур на 24. ноември 1969 година од страна на Советот на Европа.

Младите од цел свет, во својство на учесници во Au Pair програмата престојваат најмалку 6, а најмногу 12 месеци во претходно избрано семејство и на тој начин го усовршуваат јазикот на земјата во која престојуваат, и се запознаваат со нејзината култура и обичаите. Една од најголемите вредности на оваа програма е стекнување на пријателства помеѓу различните култури. Најдобрата училница на светот е семејниот дом, а Au Pair програмата на учесниците им овозможува да бидат интегрален дел на едно норвешко семејство. За помошта околу чувањето на децата Au Pair имаат бесплатно сместување и храна во кругот на семејството и месечен надомест од 3000 NOK.

Кој може да се пријави на програмата за Норвешка?

  • Ако си на возраст од 18-30 години
  • Ако имаш искуство во чување на деца и уживаш во работата со деца
  • Ако имаш одлични познавања од англискиот јазик
  • Ако си подготвена да работиш во северниот дел од Европа
  • Ако си непушач

Рокови и заминување:

Програмата се реализира во текот на целата година.

* Истите услови важат и за аплицирање за Данска и Шведска. Ве молиме да бидете флекибилни околу изборот на државата.

© 2014 Kontext. Сите права се задржани.

Дизајнирано од Cube Systems .