Аеродром Франкфурт

Аеродром Франкфурт

Аеродромот Франкфурт вработува кандидати кои имаат термин за виза или се веќе во Германија и сакаат да го променат своето работно место!

Придобивки за промена на работно место кое е 100км оддалечено од Франкфурт:

  • Бонус за преселба од 1.000 евра нето (плаќање на 4 рати во текот на првиот месец од вработувањето)
  • Покривање на трошоци за сместување до 350 евра месечно во првите 6 месеци.
  • Авиобилет за кандидати од Балкан при прво пристигнување
  • Доколку е потребно, преземање на трошоците за превод.

Бенефити кои следуваат со вработувањето:

  • Полно работно време - минимум 155 часа месечно
  • Месечен план на смени
  • Можност за напредување, развој и понатамошна кариера
  • RMV месечен билет (работна карта)
  • Бесплатен паркинг
  • Попуст на гориво на интерна бензинска пумпа наменета само за вработените
  • Кантина
  • Фитнес студио
  • Попусти за патување
  • Работна и службена облека
  • Документи за виза или промена на работно место

Отворени работни позиции:

  1. Flugzeugabfertiger – ракувач со воздушен товар

Вашите задачи:

  • Ракување, утовар и истовар на товар од авиони (неколку операции и задачи по смена) и обработка на багаж.
  • Врзување и обезбедување на товар
  • Ракување со опасни материи (DGR)
  • Возење и управување со уреди и возила за примање и обезбедување на авиони
  • Ракување со багаж
  • Комуникација и соработка со колегите на работното место.

Плата и услови:

  • Плата од 14.18 евра по час бруто, после 6 месеци14,53 евра почас бруто, по две години 14,86 евра по час бруто, по три години 15,40 евра по час.
  • Работа во недела плус 50%, работа за време на празник125%, ноќна работа 25% и прекувремена работа 25%. Овие додатоци не се оданочуваат.
  • Потребно е да зборувате германски јазик А2 ниво.
  • Потребно е веќе да работите во Германија, или пак да имате термин за виза или европски пасош.
  • Доколку не знаете германски, а сакате во иднина да работите на Аеродромот Франкфурт, пријавете се веднаш на нашите онлајн курсеви. Додека чекате термин, учете германски !
  1. Gepäckabfertiger (ракувач со багаж)

Вашите задачи:

  • Обработка и утовар на багаж од багажната банда.
  • Растовар и утовар на багаж од контејнери и приколки
  • Кодирање на багажот
  • Сортирање на багажот
  • Плата од 14.18 евра по час бруто, после 6 месеци14,53 евра почас бруто, по две години 14,86 евра по час бруто, по три години 15,40 евра по час.
  • Работа во недела плус 50%, работа за време на празник125%, ноќна работа 25% и прекувремена работа 25%. Овие додатоци не се оданочуваат.
  • Потребно е да зборувате германски јазик А2 ниво.
  • Потребно е веќе да работите во Германија, или пак да имате термин за виза или европски пасош.
  • Доколку не знаете германски, а сакате во иднина да работите на Аеродромот Франкфурт, пријавете се веднаш на нашите онлајн курсеви. Додека чекате термин, учете германски !

Профил на кандидатот:

  • Познавања по германски јазик како што е наведено во описот на работно место
  • Да не сте осудувани – потребно е да се приложи потврда од суд
  • Мотивираност и желба за учење и надградување
  • Подготвеност за работа во смени
  • Физичка издржливост
  • Здравствена адекватност
  • Термин за виза или европски пасош, или веќе работен однос во Германија

За Нас

Контекст е тим составен од дипломирани филолози кои имаат огромно искуство во спроведување на програмите за културна размена. Секој од тимот бил на некоја од програмите за културна размена. Наши карактеристики се исклучителна професионалност, висок стандард во комуникација, искрена и напорна работа со која Агенција Контекст стана препознатлива и почитувана агенција на целиот Балкан и пошироко.

Долгорочно вработување

Локација

Употреба на колачиња (Cookies)

Оваа веб-страна користи колачиња за автентикација, навигација и останати функции. Со користење на веб-страната се согласувате да ги добиете колачињата на вашиот уред.