Jolene (2008) watch online
Sinners and Saints (2010) online
Into the Abyss (2011) online

Бебиситер во Франција

header

francija

Оваа програма е единствена можност да поминеш период од 3-12 месеци во Франција како бебиситер. Ќе имате можност да живеете во француско семејство и тоа како рамноправен член, да посетувате настава на француски јазик, да запознаете пријатели од целиот свет и уживате во благодетите на француската култура.

Времетраење на програмата:

Summer placement – за време на летниот период, 2-3 месеци престој, од јуни до септември. Предност имаат девојки кои знаат одлично да говорат и Англиски јазик и знаат да пливаат.

School year placement – во овој случај програмата трае 9-12 месеци и се реализира за време на училишната година. Најголемиот број на семејства се одлучуваат за оваа опција, па така и шансата да се отиде на програмата е поголема доколку се одлучите за неа.

Услови за учество во програмата:

  • Возраст од 18-26 години
  • Искуство со деца
  • Солидни познавања на францускиот јазик
  • Завршено минимум средно училиште
  • Флексибилни, самостални и позитивни
  • Возачка дозвола е предност
  • Чисто полициско досие
  • Одлична здравствена состојба

Рокови и заминување:

School year placement се реализира во текот на целата година, Summer placement од јуни до септември. Треба да бидете пријавени најмалку два месеци пред саканиот термин на заминување.

© 2014 Kontext. Сите права се задржани.

Дизајнирано од Cube Systems .