Jolene (2008) watch online
Sinners and Saints (2010) online
Into the Abyss (2011) online

Медицински персонал за Германија

Посредување при вработување на медицински персонал во Германија:  Во соработка со компанија за посредување при вработување на медицински персонал од Германија, Контекст Вработување посредува за вработување во болници, старечки домови и други здравствени установи. За овој вид на вработување се квалификуваат сите што имаат завршено средно медицинско училиште, имаат познавања од германскиот јазик и сакаат да направат кариера како медицинско лице во Германија.

Потребни документи:

  • Кратка биографија на германски јазик со слика и целосни контакт податоци – е-маил и телефон
  • Копија од пасош
  • Копија од диплома за завршено релевантно образование ( средно или високо медицинско образование)
  • Копија од уверение за положен државен испит
  • Сертификат за познавање на германски јазик  B2 Goethe или  Telc (доколку поседувате)
  • Препораки од претходно работно искуство како медицински персонал

Доколку не го исполнувате условот за познавање на германски јазик, Контекст во соработка со компанијата од Германија доделува стипендии за изучување на германскиот јазик и добивање на соодветен сертификат .

Одлучете се за кариера во Германија, направете го првиот чекор!

medi-germ

© 2014 Kontext. Сите права се задржани.

Дизајнирано од Cube Systems .