Jolene (2008) watch online
Sinners and Saints (2010) online
Into the Abyss (2011) online

Работа на речни бродови - Европа

recni-brodovi-5

Дали сакате да работите на луксузни туристички речни бродови и притоа да патувате?
Контекст ви овозможува одлична можност !

Туристичките речни бродови пловат низ најдолгите реки во Европа: Рајна, Мозел, Мајна, Дунав, помеѓу Амстердам на север и Црно море на југ, како и по течението на Рона, Сена и Гарона во Франција.

Можете да аплицирате за следните работните позиции:
*Restaurant/Bar Steward
*Cabin/LaundrySteward
*Bartender
*Chef de Partie
*Front Desk
*Server

Типот на работната позиција за којашто ќе бидете одбарни, зависи од работното искуство како и моменталната потреба на компанијата што најмува персонал за повеќе речни бродови.

recni-brodovi-2

recni-brodovi-1

Важни услови за работа на речни бродови:

За да добиете работа на речен брод, неопходно е соодветно образование и релевантно работно искуство. Минималната возраст за аплициање е 19 години и за секоја позиција бараната возраст е во зависност од самата позиција. Потребно е добро до напредно познавање на германски јазик и познавања од англиски јазик, во зависност од позицијата. На првичната проверка на јазичните познавања ќе добиете образложение дали вашето познавање е доволно за самата позиција или има потреба од подобрување. Познавањата од јазикот се од суштинско значење поради меѓународниот екипаж како и националната структура на патниците. Договорите се склучуваат сезонски.

Платата изнесува 850 ЕУР бруто, но со бакшиш достигнува и 1200 еур месечно. Не се работи на час, туку на месечна плата. Сместувањето е обезбедено, како и храната и за истото не се одбива од платата. Работодавачот нуди повраток на средства за германската виза, како и до 200 евра патни трошоци за пристигнување до пристаништето од каде почнува работниот ангажман. Секој кандидат со македонски пасош мора да извади виза, додека европските државјани работат безвизно. Работата е сезонска, со најдоцен крај до 30.10 без разлика од почетокот на ангажманот.

Пријавувањето започна! Ве молиме испратете кратка биографија за првична проценка и селекција на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

recni-brodovi-4

recni-brodovi-3

© 2014 Kontext. Сите права се задржани.

Дизајнирано од Cube Systems .