Jolene (2008) watch online
Sinners and Saints (2010) online
Into the Abyss (2011) online

Work and Study Program Canada

 word-and-study-canada

По 28 години како интернационален лидер во изучувањето на англискиот јазик во Австралија, со повеќе од 38 000 студенти од целиот свет што ги посетиле нашите престижни училишта во Бонди и Сиднеј, чест ние да ви го најавиме отварањето на нашиот сосема нов кампус во Ванкувер, Канада.

Зошто SELC?

Во 28 годишното искуство SELC обезбедува изучување на англискиот јазик со високо квалификувани и професионални професори. Нудиме голем избор на курсеви со различни нивоа, флексибилни датуми за отпочнување на курсевите и го насочуваме учењето во насока на тоа што ви одговара на вас и вашите потреби. SELC има иновативни и практични курсеви за студенти од почетно до напредно ниво. Во Ванкувер спроведуваме и посебна социјална програма која е со склад со академските курсеви, а се состои од социјален клуб кој им организира секакви активности на студентите за да се чувствуваат попријатно во градот. Воедно обезбедува и дополнителни активности и можности за вежбање на англискиот јазик. Вообичаените активности вклучуваат: забава за добредојде, спортски настани во текот на неделата, патувања преку викендот, филмски вечери итн.

Академска стручност

Кампусот во Ванкувер нуди исто ниво на академска стручност како и познатите училишта во Бонди и Сиднеј. SELC поседува единствена комбинација на нови иновативни програми и високо почитуваните традиционални јазични програми кои ги пренесуваат искусни и квалифицирани предавачи.

Локација

Училиштето на SELC е лоцирано во срцето на Gastown, една од културно најбогатите и историски области на Ванкувер. Можете да прошетате по калдрмените улици на градот, да посетите студио на некој артист или историските згради и уникатни продавници. Во близина се наоѓаат динамичните Granville Street, English Bay, Stanley Park и Robson Street како и многу продавници и ресторани.

Добро опремени училници

Кампусот е на две нивоа, има 10 училници, просторија со компјутери со бесплатен Wi- Fi и просторија со камин каде студентите можат да се дружат и да се релаксираат. Училиштето се наоѓа покрај морето има неверојатен поглед на планините и пристаништето.

Подоцна во училиштето ќе се воведат и сладните изборни часови: TOEIC/TOEFL, Филм и Медија, Бизнис англиски јазик и Основи за Бариста.

Канадски студии

Целта на оваа програма е да ги запознае студентите со основно познавање за географијата, историјата, политиката и културата на Канада.

Работни вештини

Овој курс ги учи учесниците на вештините кои им се потребни за успешно наоѓање, аплицирање и добивање на работна позиција за време на престојот во Канада. На часовите студентите развиваат способности за интервју, како да состават кратка биографија и мотивационо писмо, како и усовршување на слушањето, зборувањето и дикцијата кои се потребни за интервјуата за работа.

Сертификат за англиски јазик за работно место

24 недели

12 недели учење + 12 недели работа

 

32 недели

16 недели учење + 16 недели работа

 

48 недели

24 недели учење + 24 недели работа

 
  • наоѓање на работен пласман во Ванкувер                                              

Програмата содржи:

  • 25 часови неделно
  • Неделни работилници за подготовка за работа
  • Подготовка и тренирање за интервју
  • Кратка биографија и мотивационо писмо
  • Сертификат на крај на програмата
  • Работно искуство за усовршување на јазичните вештини во реална Канадска работна средина 

© 2014 Kontext. Сите права се задржани.

Дизајнирано од Cube Systems .