Jolene (2008) watch online
Sinners and Saints (2010) online
Into the Abyss (2011) online

Work and Travel Program USA 2018

ШТО ПРЕТСТАВУВА WORK & TRAVEL ПРОГРАМАТА?

 WORK & TRAVEL програмата  е културна размена која има за цел да им овозможи на студентите преку лето да работат и престојуваат во Америка (најмногу 4 месеци) и на тој начин се запознаат со американскиот начин на живот и работа, обичаите и културата.  Главна придобивка од оваа програма е усовршување на Англискиот јазик, стекнувањето на работно искуство и разбирање на американската култура.

Сите информации за учество на оваа програма можете да ги најдете на сајтот на State Department-от на Америка: http://exchanges.state.gov/education/jexchanges/

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМАТА:
 Секој учесник треба да биде редовен студент на факултет, без паузи во студирањето и со редновно положени испити.

Познавањата од Англискиот јазик МОРА да бидат најмалку на средно ниво – IntermediateLevel  (од покажаното знаење ќе зависи вашето работно место. Ве молиме да имате предвид дека се врши тестирање на вашите познавања).

  1. Треба да сте на возраст од 18-26 години. 
  2. Снаодливост, флексибилност и подготвеност за тимска работа се главни предуслови. 
  3. Имате цврсти врски со Македонија (факултет, вработени родители со редовни примања, имот).
  4. Да поседувате 800-1000 $ при влез во Америка.
  5. Престојот е временски ограничен и роковите мора да се почитуваат.
  6. Кандидатот мора да ги заврши обврските на факултетот пред заминувањето за Америка. 

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА
 За време на пријавувањето се пополнува формулар на Англиски јазик и се врши тестирање на познавањата од јазикот. Откако ќе се добијат резултатите од тестирањето, пријавувањето се одобрува и се врши потпишување на договор на англиски и македонски јазик. 

Со формуларот треба да се приложи фотографија пасошки формат (копија од претходни американски визи и социјален број доколку кандидатот тоа го поседува), потврда за студирањеи копија од пасош. Пасошот мора да ви биде важечки најмалку шест месеци од предвидениот датум на влез во САД.

Кандидатите кои немаат важечки пасош можат да се пријават на програмата под услов истиот да го достават во најкраток можен рок.

  • Секој учесник мора да има своја E-mail адреса за време на пријавувањето и истата мора да е важечка за време на престојот во Америка. 
  • 1 (една)  фотографија  пасошки формат на која треба да сте насмеани
  •  Ваша биографија или CV на англиски јазик (пожелно е да доставите препорака од некој работодавач доколку имате било какво работно искуство) со ваша слика на истата.
  • мотивационо писмо или cover letter.

ПРОГРАМА
 Со оваа програма е предвидено студентите да се стекнат со право на привремено вработени лица со права и обврски како оние кои се постојано вработени ( но без очекувања дека во САД важат истите правила за работни односи како во Македонија). Минимален број на работни часови неделно е 32 часа до максимум  40. Секој учесник може да работи и втора работа , доколку тоа го дозволи првиот работодавач и доколку втората работа не ја загрозува првата. По правило, минимална  саатница може да биде и 3.80 $ + бакшиш,а се движи до максимум  12$ по одработен час. Државната такса се одбива од платата, еден дел од данокот се враќа по завршувањето на програмата (пријавите за враќање на данокот се работат во февруари наредната година со посредство на специјализирани агенции).

Работниот дел од програмата трае од 3-4 месеци, а датата на патување можете да ја одберете според понудените термини на пријавата. Четири месеци можете да работите само ако на програмата заминете пред  30 мај  и доколку договорот за работа е склучен за период од 4 месеци. Кандидатот може да појде на работа 5 дена пред почетокот на работата и да се врати 25 дена по завршување на работата.

Work and Travel програмата се реализира исклучиво само за време на летниот распуст, и тоа од 15.05 – 30.09.2018.

РАБОТОДАВАЧИ
 Учесниците во W&T USA програмата обавуваат едноставни сезонски работи во туристичките центри (забавни и национални паркови, одмаралишта, хотели, ресторани, продавници) во САД. На овие работни позиции работат студенти од цел свет, но и американски студенти кои заработуваат џепарлак за време на летниот распуст. Од кандидатите се очекува да бидат одговорни, флексибилни, снаодливи, прилагодливи, совесни и вредни. Работни позиции кои најчесто се нудат на студентите се следните:

Lifeguard/pool attendant - Работа на базени како спасувач или на одржување на базени, платата за работа е од  7,5-10$ по одработен час.

Food server - Сервирање на храна по ресторани за брза храна или нормални ресторани, оваа работа е многу напорна , а подобро се плаќа кога би работеле во нормален ресторан отколку на пример во McDonald’sбидејќи во рестораните има високбакшиш. 

Front desk clerk - Работа на рецепција во хотел или ресторан  (8-10$)

Host/Hostess - Пречекува и испраќа гости во ресторан или хотел. Платата за  работа е од  8-10$, со тоа што  познавањето на јазикот треба да ви биде на напредно ниво.

Можете да се определите и за некои од овие работни места:

Housekeeping – одржување на хотелски соби, чистење на ходници и купатила, менување на постелнина, местење кревети. Овие работни места се предвидени за оние кои послабо го владеат англискиот јазик – платата за работа е од  7.25 $ – 9 $  по час.

Kitchen Help - миење садови, сецкање храна, чистење  на кујна, помагање на куварот, изнесување на отпадоци од храна итн.) . Исто така и овие работни места се предвидени за оние кои послабо го владеат англискиот јазик – платата за работа е од 7.25 $– 9 $  по час.

Maintenance - репарирање на искршени предмети, косење на трева, носење намештај, чистење на базени, изнесување на отпад и сл.) –во склоп на работната позиција одржување има многу разни видови на работни обврски, па според тоа и платата по час е различна.

Sales Help - продажба на слатки, сладолед, пица, помош при наплата, асистирање на муштериите, чистење и сл.)плаќање од   7,5-10$. За оваа работа неопходно е одлично познавање на англискиот јазик.

Amusement Park Work - продажба на брза храна, управување и контрола на игрите и возилата во забавниот парк, чистење – плата за одработен час – 7,5 $-9 $. 

РАБОТНИ МЕСТА И РАБОТОДАВАЧИ – САМОСТОЈНО БАРАЊЕ НА РАБОТА
 Кандидатите кои претходно учествувале во програмата, па сакаат повторно да одат кај истиот работодавач можат да се пријават на програмата (self placed) и да донесат потпишан договор со работодавчот.

 Сите кандидати кои сами ќе си обезбедат  работа мораат да знаат дека ниту агенцијата во матичната држава, ниту спонзор организацијата во САД не можат да им гарантираат работа доколку нивниот стар работодавач им откаже работа на лице место , а не може да им се гарантира ниту дека ќе најдат друга работа, ниту пак  агернцијата во матичната држава или  спонзор организацијата може да им гарантира дека ќе бара ново работно место во нивно име.

РАБОТА И ЗАРАБОТУВАЧКА
 Горе наведените саатници се земени за пример врз основа на минатогодишната цена на работен час. Секој кандидат ќе биде интервјуиран од страна на работодавачот  или спонзор компанијата. Само работодавачот може да одреди кој кандидат ќе биде примен и на која работна позиција, како и по која цена за одработен час. Работодавачот може и не мора да ја прифати желбата на кандидатот и тоа зависи пред се од проценката на работодавачот (познавања од јазикот и позитивен став за програмата се многу важни карактеристики на кои работодавачот посветува големо внимание).

Само од Вас во директното интервју зависи дали ќе ја добиете работата или не (нормално, доколку работната позиција бара интервју и доколку работодавачот дојде во Македонија да интервјуира кандидати). Доколку кандидатот не ја добие посакуваната работа може да се откаже од програмата со  надоместување на трошоците кои се подолу спомнати. Исто така може да се случи понудата што ќе ја добиете да биде изменета од страна на работодавачот при вашето пристигнување во САД или пред доаѓањето во САД во склоп на потребите на работодавачот . Вакви измени не се чести и во голем број случаи се во корист на кандидатите.

Секој кандидат е должен работата да ја извршува совесно и и според Законите и правилата поставени од работодавачот. Доколку кандидатот доцни на работа, не ги исполнува обврските или ја загрозува работата на своите колеги, може да биде дисквалификуван од програмата , т.е. отпуштен и во тој случај мора да се врати  дома без право на рефундирање на средствата. Платата се добива во вид на чек или на жиро сметка неделно  или секоја втора недела. Ве молиме да имате во предвид дека првиот месец по пристигнувањето во САД треба да носите најмалку 800 $ за да може да платите депозит за сместување и да имате пари за храна до првата исплата.

Во случај кандидатот да не се квалификува за работната понуда за која аплицирал, има право да се пријави на друго работно место. 

JOB OFFER
 Интервјуата за работа се одржуваат од јануари до март доколку се пријавите за работна позиција која бара директно интервју со работодавачот. Резултатите се добиваат по 7 дена од интервјуто, иако временската рамка варира. Секој кандидат добива работна понуда пред потпишување на договорот и доколку се сложува со условите за работа, истиот треба да се потпише и се носи во Амбасада со останатите документи при аплицирање за виза.

Секој работодавач може за време на престојот на студентот да му ја смени работната позиција на студентот во зависност од потребата на работодавачот. Ова се случува многу ретко, но е возможно и ако се случи, можено е да биде во корист на студентот ( можна е подобра позиција) Исто така може да се случи и по изборот на кандидатите рабододавачот врз основа на потребите да сфати дека му е потребен помал број на студенти  и истиот број да го намали. Секој работодавач има дискреционо право да го раскине договорот и пред почетокот на програмата доколку тоа го налагаат условите на пазарот. Исто така е можно одредени работодавачи да вработат студенти за работа само во една смена .

Во сите овие услови, кандидатот бара помош од спонзор организацијата којашто ќе се обиде да му најде замена за работното место но ова може да значи и менување на локација. Доколку студентот одбие да се релоцира, спонзор организацијата може да се обиде да најде работа во истото место но тој процес може да потрае и 2 недели.

SOCIAL SECURITY NUMBER
 SOCIAL SECURITY NUMBER е социјален број кој мора да го има секој кандидат за да може легално да работи во САД. Овој број се добива по доаѓањето во САД. Потребно е студентот да се јави во службата за издавање на SSN 5-7 дена по влегувањето во САД и да ги приложи документите како сто се  DS-2019, I-94 и слично. SSN се добива после  15-20 дена, но кандидатите можат да почнат со работа со потврдата којаа ка добиле од SSN  дека уредно ги поднеле документите за добивање на социјален број. Ве молиме да имате во предвид дека работодавачот НЕ МОРА да ве однесе до местото каде што се издава овој број, но секако дека ќе ви даде детални упатства.

СМЕСТУВАЊЕ
 Според оваа програма, сместувањето е обезбедено, односно, за секое понудено работно  постои капацитет во мотели каде што студентите можат да се сместат до пронаоѓање на соодветно место за живеење, а цената може да се движи од 200-600 УСД месечно, т.е. по 15 УСД по човек дневно во четворокреветна соба. Доколку таа сума е реална за нивните потреби, тие можат таму да останат или пак да изнајмат куќа чија цена се движи и до 1000 УСД месечно, а каде можат да се сместат  повеќе лица. Вакво сместување може да подразбира и ненаместени апартмани , па студентот мора да купи душек,  постелнина и ќебе – што може да го направи по неверојатно поволни услови. Исто така треба да се има во предвид дека секој закуподавач бара депозит за сместување. Тој депозит се враќа по уредно иселување од објектот.

Исто така треба да се  земе во предвид дека голем број работодавачи наоѓаат сместување за своите кандидати и тоа го наведуваат во работната понуда. Тука е наведена и цената за сместување и трошоците се одбиваат од платата на студентот.

Многу мал број на работодавачи нудат сместување и работа  (бесплатно сместување). Овие услови се наведени во работната понуда. 

ХРАНА
 Секој кандидат е должен да води сметка за својата исхрана и истата не е вклучена во цената на програмата.  Некои ресторани обезбедуваат по еден оброк за време на смената, ама тоа не е услов.

ОСИГУРУВАЊЕ
 Медицинското осигурување за време на престојот е обврска и го покрива работниот период. Осигурувањето ги покрива сите видови на незгоди, но не покрива поправка на заби, корекција на вид или некои наследни болести. Значи покрива само итни третмани. Секој кандидат ќе добие осигурување во вид на картичка и мора да се придржува кон упатствата за користење на услугите од осигурувањето, како што мора да ја информира осигурителната компанија за користењето на медицинските услуги. Во медицинските установи се плаќа партиципација, па во зависност од тоа дали се работи за амбулантско или болничко лечење партиципацијата може да изнесува од 50 – 250 УСД. Таа сума не се враќа. Трошоците за лекови се вклучени  во медицинското осигурување. Со потпишување на договор со компанијата во посебен дел давате согласност компанијата да има увид во вашето осигурување за да може да ви се помогне при евентуално рефундирање на средствата за лечење или да ви помогне на вистинскиот начин  да ги остварите своите права кои произлегуваат од осигурувањето.

Секој кандидат мора да води сметка за себе и мора да биде работоспособен и здрав за да се пријави на програмата. Тест за дрога е задолжителен за оние кои ќе работат во казино и се прави детално, така да кандидатите кои знаат дека конзумирале дроги или опојни средства не смеат да се пријавуваат на програмата. Основното осигурување не покрива  осигурување за возење на автомобил и тоа се плаќа одделно при изнајмување на моторно возило.

ПРЕВОЗ ОД АЕРОДРОМ ДО РАБОТОДАВАЧОТ
 Најповолно е од аеродромот да се отиде до автобуската станица, а потоа да се најде превоз до работодавачот. Сопонзор организацијата можат да помогнат при организирање на превоз за група на студенти кои пристигнуваат со истиот лет и во ист ден, соодветно на патувањето. Сите информации за превоз ќе ги добиете по добивање на виза. 

ЗАБРАНЕТО Е :
 Консумирање алкохол за  сите кои се помлади од 21 година и за сите останати на јавни места, возење под  дејство на алкохол, користење на дроги или опојни средства, непочитување на работодавачот и соработниците, непримерно однесување на работно место и на местото каде сте сместени, кршење на законот, примена на физичка сила и кражби. Доколку кандидатот ги крши правилата на програмата може да биде вратен од истата без право на рефундација. ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ПРОГРАМАТА ОБВРЗАНИ СТЕ ДА СЕ ВРАТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА.

РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ И ПРЕКИНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА:
 Доколку кандидатот на свое барање го раскине договорот со работодавачот, спонзор организацијата автоматски го исклучува од програмата и нема да има право на работа во САД, па според тоа ќе мора да се врати во Македонија. Ова правило важи кога работната понуда е обезбедена од наша страна, а не за оние кои самите си пронаоѓаат работа.

Доколку кандидатот не ги почитува правилата на програмата може да биде парично и затворски казнет како и отстранет од програмата без било какво право на надокнада и депортиран од САД. Доколку постојат реални проблеми со работодавачот, должни сте да ја известите спонзор организацијата чии телефони ќе ги имате кај себе. За секој проблем имате отворена 24 часовна линија и истата ќе ви помогне да го решите проблемот. Бидејќи во САД владеат пазарни закони, работодавачот има право да му даде отказ на студентот во случај да не може да му обезбеди работа или доколку студентот не ги исполнува своите работни обврски.

Во првиот случај се обраќате на спонзор организацијата за да ви се најде ново работно место, а во вториот случај ќе бидете дисквалификувани од програмата и ќе бидете приморани да се вратите дома без право на рефундирање.  

АВИОБИЛЕТ И ВИЗА
 Дискреционо право на секоја Амбасада е да одлучи дали ќе издаде или нема да издаде виза на одреден кандидат. Авиобилетот е обврска на секој кандидат.

ОРИЕНТАЦИЈА
 Во склоп  на правилата дадени од State Department-от секој кандидат мора да помине на ориентациона обука организирана од матичната агенција која се одржува во Скопје, во март/април или мај. Точното време, дата и место ќе биде објавено на веб страната и сите кандидати имаат обврска да присуствуваат на истата.

Ориентационата програма се состои од два дела: првиот дел е општа ориентација за програмата, документи потребни за добивање на SSN и условите за работа во САД, а вториот дел обично се однесува на ориентација врзана за работа кај одредени работодавачи. Ориентацијата може да трае и до 8 часа, зависно од бројот на студентите и темите кои ќе се отворат. Доколку кандидатот не се појави на ориентацијата автоматски ќе биде дисквалификуван од програмата без право на рефундирање на уплатените средства. Ориентацијата може да се одржи и пред одењето во Амбасада по виза па според тоа сите мора да бидат присутни. Ориентацијата во н

екои случаеви може да се одвива кај работодавачот (тоа се посебни случаеви и студентите ќе бидат информирани за тоа). Сите останати кандидати ќе ја поминат ориентацијата во Скопје.

DS - 2019
 Документ врз основа на кој се аплицира за виза, секој студент кој е пријавен на програмата при влез во Амбасадата мора да го има овој формулар.

Истиот мора да биде потпишан и мора да се чува за време на патувањето и престојот во САД подеднакво како и визата. Вашата виза без овој формулар е НЕВАЖЕЧКА. Овој документ е неопходен и за издавање на социјален број кој пак ви е неопходен за работа во САД. DS формуларот го издава спонзор организацијата по подмирувањето на сите финансиски обврски кон вашата матична агенција.

SEVIS
 Систем за евиденција и следење на учесниците на Exchange Visitor Program-aта за време на престојот во САД.  Документот  SEVIS (I-901) мора да се предаде во Амбасадата при аплицирање за виза. Овој документ одделно се плаќа и чини 35 USD (подложно на промена). Секој кандидат од нашата агенција ќе добие ваков документ при предавањето на документите за виза.

ТЕРМИНИ
 Пријавувањето на програмата започнува од 01.11.2017 и трае до 31.03.2018. Термините можат да се скратат или продолжат во зависност од слободните места кои ги имаме на располагање.  Студентите кои порано се пријавуваат на програмата имаат право да одберат работно место од мноштвото понудени кои со тек на време се пополнуваат и доцните пријавувања резултираат со прифаќање на работни понуди кои сте принудени да ги прифатите бидејќи немате друг избор.

ВИЗА
 Барање за добивање на  J-1 виза студентите поднесуваат во матичната Американска Амбасада. Студентот е должен  да ги обезбеди сите документи кои ги бара амбасадата.

© 2014 Kontext. Сите права се задржани.

Дизајнирано од Cube Systems .