Jolene (2008) watch online
Sinners and Saints (2010) online
Into the Abyss (2011) online

Програма за долгорочно вработување во Германија

Вработување во Германија
dolgorocno-vrabot-germn

 Од 01.01.2016 до 31.12.2020 лицата од Македонија и останатите држави од Западен Балкан во Германија може да добијат дозвола за престој за сите професии, обуки и помошнички дејности, како за кфалификувани работни места, така и за некфалификувани. 

Во соработка со голем број на работодавачи лоцирани низ цела Германија, Контекст Вработување врши регрутација и селекција на кандидати за голем број на работни места. Најголемиот број на позиции за коишто има голема побарувачка се во услужната дејност, т.е. областа на системската гастрономија како што се McDonalds, Burger King, ресторани на бензински пумпи, хотели, класични ресторани и кафетерии итн. Саатницата се движи од 8.5 евра бруто по изработен час, а вообичаено се работи помеѓу 35 и 40 часови неделно, во зависност од самиот договор за работа.Работните договори вообичаено се потпишуваат со времетраење од 12 месеци.
Напомена: на секој работник во Германија од бруто саатнината му се одбиваат одбитоци за пензиско и здравствено осигурување, како и за данок на доход, во зависност од даночната класа која варира од брачна состојба, деца итн.

Услови за пријавување:
• Познавање на германски јазик (најмалку разговорно ниво)
• Важечки македонски пасош(или пасош од останатите држави од Западен Балкан или ЕУ пасош)

Како да се пријавите:
Доколку имате познавања од германски јазик, аплицирајте со пополнување на апликативната форма на следниот линк : Апликациска форма и воедно закажете термин за проверка на познавањата од германски јазик, по самото поднесување на апликацијата. Со себе потребно е да понесете CV на германски јазик со слика, фотографија во боја-пасошки формат како и копија од пасош. Ве молиме да го почитувате закажаниот термин за проверка на познавањата од германски јазик, во спротивно нема да можеме благовремено да Ве услужиме.
По успешно поминатата проверка за познавањата од германски јазик следи предлагање на кандидатот и интервју со работодавач од Германија. Доколку интервјуто помине успешно, следи процедурата за изготвување на потребната документација за германската амбасада кадешто се поднесува барањето за работна виза, процес што вообичаено трае околу 2 месеци по прифаќањето на работната позиција, до самото заминување.

НАПОМЕНА
Македонски државјани, кои согласно новата регулатува ќе поднесат барање за виза поради вработување, не смеат во рамките на последните 24 месеци пред поднесувањето на барањето да имаат користено услуги според Законот за користење услуги на баратели на азил.

© 2014 Kontext. Сите права се задржани.

Дизајнирано од Cube Systems .