Jolene (2008) watch online
Sinners and Saints (2010) online
Into the Abyss (2011) online

Бебиситер во Шпанија

header

babysiter-spain1 babysiter-spain2

Да се биде АуПаир во Шпанија претставува искуство преку кое ќе изучувате друг јазик, начин на живот и култура односно ќе станете член на семејството во земјата во која престојувате. Посетувањето на курсеви за изучување на јазикот езадолжително, при што ќе запознаете нови луѓе од целиот свет.

Личноста која сака да учествува во програмата мора да сака и има способност да се грижи за деца, бидејќи тоа ќе биде примарната одговорност.

Мора да го почитувате, да бидете учтиви кон семејството во кое ќе престојувате и секако да се вклучувате во нивните секојдневни активности.

Траењето на програмата може да биде од 1- 3 месеци за време на летниот период, како и од 1 година, но не смее да биде подолго од 2 години.

Важно е да се напомене дека АуПаир не е домашна помошничка туку личност која е заинтересирана за изучување на јазикот во земјата во која ќе престојува.

Потребни услови:

• Возраст 18 - 30
• Основно познавање на јазикот
• Немажена и без деца
• Без претходна осудуваност
• Лекарско уверение
• Возачка дозвола (препорачано)
• Интерес и способност за работа со деца
• Препорака за работно искуство за чување на деца е од

Au Pair права: 

• Целосно опремена еднокреветна соба 
• Комплетен престој 
• Една недела платен одмор на секои шест работни месеци 
• Слободно време за присуство на часови, учење и дружење 
• Интензивна изложеност во автентична средина каде што ќе бидете прифатени како член на семејството    
• Џепарлак– 70 евра неделно 
• Еден или еден ипол слободен ден или повеќе 

Au Pair обврски

• Да се грижи за децата 
• Да ја одржува собата чиста и уредна 
• Да помага во основни обврски во доаќинството : пуштање правосмукалка, бришење прашина, пеглање, помош околу машината за перење и миење садови. 
• Чување на деца 1 или 2 вечери во неделата (не-последователни денови)
• Вклученост во фамилијата како и секој друг член  
• Треба да платите за патот до земјата во која ќе престојувате како и за курсевите кои ќе ги посетувате. Семејството ги презема трошоците за пристигнувањето од аеродромот  или железничката станица во земјата до нивниот дом. 

Постапка при пријавување за АуПаир програмата

1.Пополнување на апликацијата и праќање на истата по е-маил 
2. Фотографија. Со насмевка! 
3.Писмо до семејството во кое ќе престојувате во кое ќе наведете повеќе за вашите хоби, интереси, семејство и конкретно да наведете зошто сакате да бидете АуПаир. ВАЖНО! Да биде напишано на јазикот на семејството каде што ќе престојувате  
4. Фотографии од вас и вашата фамилија или од деца за кои сте се грижеле 
5. 2 мотивациони писма 
6. Копија од пасош 
7. Копија од возачка дозвола (доколку поседувате) 
8. Лекарско уверение со кое потврдувате дека не постои физичка или психолошка  пречка  да се грижите   за деца или да патувате во странство 
9. Потврда за неосудуваност 
10. Копија од диплома која би сметале дека би можела да допринесе кон вашата апликација  
11. Европска здравствена книшка / European health card 

Селекција: 

1. Интервју за комплетирање на профилот и за барање на семејство  
2.Да се пополни формуларот и да се испрати со останатите документи, по е-маил  
3. Ќе ги претставиме податоците на семејства кои би биле заинтересирани за профилот 
4. ТИ одлучуваш дали си заинтересиран/а за семејствата кои ќе ти бидат предложени  
5. Контакт со семејството преку Скајп
6. Кога ќе се потврди дека АуПаир и семејството се согласни, заедно со гарантното писмо може да го резервирате летот! 

© 2014 Kontext. Сите права се задржани.

Дизајнирано од Cube Systems .