Jolene (2008) watch online
Sinners and Saints (2010) online
Into the Abyss (2011) online

Lufthansa InTouch-Брно, Чешка

lufthansa-intouch

Доколку работата во  областа на службата за корисници ви претставува задоволство,вешти сте во комуникацијата со луѓе,  одлично функционирате во тим и можете да се справите со динамична работна средина а целите  кон позиција што нуди многу можности за напредок во кариерата, сакате да патувате и барате можност за вклучување во разнолик интернационален тим во индустријата за воздушен сообраќај, ние ја имаме идеалната позиција за Вас!  

Компанијата Lufthansa InTouch е во целосно сопствеништво на Lufthansa и огласува отворени местаза пракса во областа на службата за корисници на 40 различни пазари за повеќе од 27 странски јазици. 

Поради постојаниот раст на германскиот пазар, Lufthansa InTouch има потреба од лица коишто се подготвени да се преселат во Брно (Чешка) и да бидат дел од Lufthansa InTouch тимот, како Консултант во служба за корисници каде што главна задача на позицијата е комуникација со патниците на авионската компанија за прашања поврзани со резервации, откажување на резервации, електронско пријавување на летови итн. 

Компанијата нуди сместување во првите три месеци и асистенција за добивање на потребните дозволи, што навистина е од голема помош во целиот процес на прилагодување и интеграција во нова средина.

Lufthansa InTouch обезбедува интерна обука за позицијата а јазичните познавања се утврдуваат преку личнио интервју со секој кандидат. Единствените услови што кандидатот треба да ги исполнува се:

  • Диплома за завршено средно образование
  • Одлични познавања од германски јазик
  • Напредни познавања од англиски јазик

Како дел од тимот на Lufthansa InTouch ,ќе имате шанса за користење на следните придобивки:

  • Структура на надоместок врз основа на постигнати резултати со бонуси до 20% месечно 
  • Гарантирано зголемување на платната структура со зголемувањето на стажот во компанијата
  • Договор за една година, со можност за продолжување
  • Големи попусти на авионски билети
  • Модерна и повеќенационална средина
  • Купони за ручек, кафетерија – купони за спорт, културни активности и здравство
  • Активности за развивање на тимската работа, стручни обуки
  • Помош со преселба во Чешка (дозвола, сместување за првите три месеци и покривање на патни трошоци)

Доколку сакате да добиете дополнителни информации за другите придобивки што ги нуди оваа работна позиција, Ве молиме обратете се на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Заедно со нас направете го првиот чекор во развивањето на Вашата интернационална кариера!

Линк до апликациска форма за Lufthansa In Touch

© 2014 Kontext. Сите права се задржани.

Дизајнирано од Cube Systems .