Jolene (2008) watch online
Sinners and Saints (2010) online
Into the Abyss (2011) online

Програма за негуватели во Канада

header

kanadabebi

Негуватели се поединци коишто се кфалификувани да пружаат нега на деца, постари лица или лица со посебни потреби

 во приватни домови без надзор. Негувателите мора да живеат во домот во којшто работат во Канада.

Во соработка со International Nannies and Homecare Ltd., Контекст со задоволство Ви ја претставува програмата за негувателки во Канада којашто, по успешно завршената втора година од вработувањето во Канада, Ви нуди единствена можност да поднесете барање за работна дозвола, а со тоа и барање за постојан престој во Канада.

Програмата нема старосна граница и може да аплицираат поединци од сите возрасти. Поради поволностите коишто ги нуди, со Live – in Caregiver програмата се пропишани строги услови за учество.

- Негувателката мора да работи полно работно време ( во зависност од провинцијата, од 40-44 часа неделно)

- Кандидатот мора да има завршено најмалку средно образование и да има одлични познавања од англиски или француски јазик.

- Да има стекнато најмалку 6 месеци обука или 12 месеци платено работно искуство (полно работно време). Тука спаѓаат завршен Педагошки факултет (како обука којашто го кфалификува кандидатот) и комплетирани 12 месеци како Ау Паир или дадилка ( Au Pair vo USA или Европа, со certifikate of completion).

Кандидатите може да аплицираат за виза во било која Канадска амбасада кадешто во моментот се наоѓаат , но доколку ова е земја на којашто не се државјани, тие мораат да одржуваат легален статус во соодветната држава во текот на целата процедура.

Кандидатите чијашто апликација ќе биде успешна ќе добијат виза за влез во Канада којашто им дава право на престој за 4 години (кандидатите имаат право да ги комплетираат 2-те години пружање нега во период од 4 години – тоа може да биде во повеќе интервали доколку сакаат да сменат семејство, да направат пауза итн. , но само по комплетирањето на цели 2 години од програмата Live-In Caregiver и пружање нега во одреден дом, тие се стекнуваат со правото да поднесат барање за работна дозвола, којашто ќе им овозможи да работат по нивна желба во Канада).На самото пристигнување во Канада, имиграционите служби ја издаваат дозволата за престој којашто на кандидатите им дава за право да работат само за еден работодавач-т.е. семејството коешто ги најмува за работа во нивниот дом. За време на 4-те години,негувателите можат да го променат семејството доколку сакаат но мора да поднесат барање за нова работна дозвола секојпат кога ќе биде наложено. Процедурата за ова може да трае околу 3 месеци. Како што е напоменато и претходно, по успешно комплетирање на 2 години од програмата, кандидатот може да аплицира за дозвола за престој и за отворена работна дозвола, којашто доколку биде одобрена, им дава за право да работат за било кој канадски работодавач.

Семејството коешто ја најмува негователката има за обврска да ја обезбеди со авионски билет во еден правец , од нејзиното место на живеење до местото на нивниот дом во Канада. Во зависност од провинцијата во којашто ќе бидат вработени, негувателката или ќе се стекне со соодветното провинциско здравствено осигурување или работодавачот ќе ја обезбеди со приватно здравствено осигурување додека не се стекне со право за провинциското здравствено осигурување.

Во кратки црти, програмата Live –In Caregiver ги налага следните права и обврски:

- Одговорности: грижа за деца и одржување на домаќинството до одредена мера(негувателката може да пружа нега и на постари лица и лица со посебни потреби)

- Програмата трае 2 години, со можност за продолжување. (Само по комплетирани 2 години од Live –In Caregiver , кандидатот може да аплицира за дозвола за престој и работа).

- Повеќето кандидати се од 25-45 години.

- Мора да има завршено минимум средно образование ( еквивалент на канадското ).

Повеќето од кандидатите се со завршено средно образование или со завршени додипломски студии.

- Семејството мора да плати за еднонасочен билет до Канада , како и за здравственото осигурување за првите 3 месеци, се додека негувателката не се стекне со право за здравсвено осигурување од самата провинција.

- Кандидатите мора да достават потврда за неосудуваност како и резултати од медицински прегледи пред да пристигнат во Канада.

- Негувателите земаат минимална плата, во зависност од провинцијата. Од бруто платата, семејството одбива за сместување и храна ( работат од 40-44 часа неделно, според потреба, а прекувремено доколку се наложи потреба за тоа.Во просек, нето платата изнесува околу 300 CAD неделно, но сепак варира од провинција до провинција). На линкот подолу можете да најдете детални информации за платата во зависност од провинцијата.

http://www.hrsdc.gc.ca/eng/workplaceskills/foreign_workers/advertreq/wageadreq.shtml

- Процесот за наоѓање на семејство, поднесување на документи за дозвола и виза трае минимум 4 месеци. Се потсетуваат кандидатите коишто аплицираат од надвор од Македонија (коишто во моментов се Au Pair во Америка) дека за апликацијата да биде комплетна и да се поднесе барање за работна дозвола, МОРА да имаат поминато минимум 12 месеци од почетокот на нивното искуство  со грижење на деца .Во текот на целата процедура, којашто трае минимум 4 месеци, тие мора да одржат легален статус во Америка доколку сакаат да земат виза од Канадската амбасада во САД. Значи, ги охрабруваме кандидатите коишто моментално се наоѓаат во САД , да аплицираат за програмата по комплетирање на 12 месеци како ау паир. Доколку не планираат да ја продолжат програмата ау паир во САД на дополнителни 6,9 или 12 месеци, а планираат да заминат на програмата Live-In Childcare во Канада, да се вратат во Македонија , бидејќи времетраењето на процедурата е минимум 4 месеци, а тие имаат максимум 30 дена престој по завршувањето на програмата.) Доколку планирате да ја продолжите програмата по завршетокот на 12 месеци , постапката може да се отпочне веднаш по комплетирањето на 1 година ау паир , да се чека издавањето на работната дозвола, и да се аплицира за виза во Канадската амбасада во Америка.

Потребни документи за аплицирање:

- Пополнета апликација – издадена од наша страна

- Препораки за чување на деца(минимум 2)

- Потврда за неосудуваност

- Копија од пасош

- Копија од возачка

- Фотографии – 2 со пасошки формат и 10 фотографии со деца  

© 2014 Kontext. Сите права се задржани.

Дизајнирано од Cube Systems .