Курсеви по германски јазик

курсеви по германски јазик

Контекст нуди јазични курсеви по германски јазик за студенти и сите кандидати кои планираат да работат во Германија. Сите оние кои сакаат да работат во Германија мора да имаат основни познавања на германски јазик.

Целта на овие курсеви по германски јазик е да ве оспособиме за работа во Германија. Основната терминологија да ја совладате непречено за да можете да ги извршувате работните должности.  Да се пријавите без потешкотии во сите институции во градот каде ќе престојувате и уште многу други вештини кои ќе ви го олеснат престојот.

Контекст курсевите по германски јазик и останатите

Разликата е што во Контекст покрај поставувањето на стабилна јазична основа ние ќе ве оспособиме и за престојот во Германија. Ќе научите од професионалци како да ги поминете сите институционални работи како добивање санитарна книшка, пријавување во општина, отворање на конто во банка. Што очекува еден германец – работодавец од вас, како очекуваат да се однесувате на работа. Која терминологија се користи на вашето работно место и ќе ги научите сите поими за работа во ресторани со брза храна, хотели, кафулиња, фирми за чистење, фабрики итн.

Курсевите се одвиваат во просториите на Контекст Образование во Палата Кузман, 4кат. Групите се направени според потребите на кандидатите и сите курсеви најчесто започнуваат после 17h, секој работен ден од понеделник-петок.

Пријави се, ве очекуваме!


СО ПОЧИТ, КОНТЕКСТ

МИТРОПОЛИТ ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ 28, Палата Кузман, 4 Кат
1000 СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА
ТЕЛ. +389 2 3110 065, МОБ. 070 345 674