Студентска работа во Германија

Студенти во Германија

Вработување за студентска работа во Германија е она што Контекст успешно го прави повеќе од 10 години. Програмата е во склоп на културна размена т.е. на млади луѓе им се дава шанса преку студентска работа во Германија, одблиску се запознаат со германски јазик, култура, обичаи и да стекнат работни навики. Секако за многу од нив тоа ќе бидe работно искуство и први свои заработени пари. Програмата е за сите студенти на возраст од 18 па до 35 години кои имаат познавање од Германски јазик, разговорно ниво и можат сезонски да работат во Германија најдолго 90 календарски денови за време на официјалниот летен распуст. Престојот и работното место во Германија треба да е одобрен заверен од Bundesagentur für Arbeit  Сите Контекст студенти добиваат официјален договор за работа со заверен печат од Bundesagentur für Arbeit, без кој неможат да заминат на студентска работа во Германија.

Значи, за да аплицирате треба да сте студент со основни познавања на германски јазик и спремни да работите најмалку 2 месеци во Германија. Олеснување е ако сте флексибилни околу локацијата и работно место

ДОКУМЕНТИ за студентска работа во Германија

  • Апликација
  • Imatrikulationsbesheinigung, 3 оригинални потврди, Контекст ви ги праќа пополнети на ваша е-маил адреса, одштампајте и заверете ги на вашиот факултет на студентски прашања.
  • Пасош (копија) со важност од најмалку 6 месеци по датумот на враќање од Германија
  • Табеларно CV – Lebenslauf на германски јазик со слика

Напомена! Не се прифаќаат:

  • Копии и скенирани Imatrikulationsbesheinigung,
  • Примаме само оригинални документи заверени на Германски и англиски…
  • Без печат и потпис од факултетот
  • Направени промени во Imatrikulationsbesheinigung, а на кои нема печат од факултетот кој ја одобрува промената.
  • Поправки со коректор – НИКАКО!

ПРИЈАВУВАЊЕ за студентска работа во Германија

Повелете за студентска работа во Германија, секој работен ден, кај нас во Агенција Контекст која се наоѓа … Google  знае се. Проверка на јазичните познавања се врши во Контекст со претходно закажан термин во период од 01.10.2020 до 01.03.2021 година. Комплетни апликации се примаат заклучно со 01.03.2021. Најчести позиции за вработување на студенти во Германија се во областа на системска гастрономијата (McDonald’s, Karls, SSP), чистење и одржување на објекти (хотели, ресторани). Со примање на апликацијата не се гарантира понатамошно распоредување. Може да се случи, како што откажуваат студентите, да откаже и некој работодавач, ама тоа е многу редок случај. Лето 2019, откажани студенти 2% … откажан работодавач – ниеден.

Искрена и напорна работа ја направи Контекст, почитувана и препознатлива агенција на Балкан и пошироко. Се пријавуваат и заминуваат се повеќе студенти од Босна и Херцеговина (Бања Лука, Добој) Србија (Белград, Нови Сад) Црна Гора (Никшиќ) Албанија дури и од Украина и Белорусија. Доколку од некоја причина сакате да се откажете од програмата, треба да се јавите во најкус можен рок за да може истата да ја прекинеме и навреме да ги повлечеме Вашите документи, нормално според посебно пропишаните договорни услови за откажување.

РАСПОРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА И ЛОКАЦИИ

По пријавувањето за студентска работа во Германија и комплетирањето на сите потребни документи следува распоредување. Распоредувањето на позициите за работа во Германија зависи од познавањето на германски јазик, претходно работно искуство, како и одередени барања на самите работодавачи. Ве известуваме за работно место и локација и треба во најкус рок да одлучите, дали  ја прифаќате. Работно позиција и локација претходно ќе ви биде внимателно одбрана, соодветно на вашите барања и квалификации. Одбивањето на истата ќе значи дека одбивате понуда за работа. Втора понуда ќе добиете кога сите други студенти ќе бидат распоредени.

Програмата за студентска работа во Германија, во прв план треба да Ви даде можност да се запознаете со германската култура, јазик и начин на живеење со платена работа во Германија. Затоа треба да сте подготвени вредно да работите за време на сезоната. Покрај регуларното работно време, можно е да има потреба од дополнителни работни часови, кои дополнително ќе Ви бидат платени. Работното време нема да биде од понеделник до петок, туку во зависност од потребите. Слободни денови може да ви бидат на пр. среда и/или петок, а бидете спремни и за ноќна смена. Најчесто работното време е 35-40 работни часови неделно.

СМЕСТУВАЊЕ во Германија

Постојат работодавачи кои нудат сместување и/или храна и трошоците ги одбиваат од Вашата плата. Најчесто со други студенти делите соба или стан. Доколку работодавачот не Ви нуди сместување, тогаш таа обврска е на студентот, секако со помош на тимот на Контекст.

Заедно со вас бараме сместување кое во лето 2019 беше во просек 400 еур за кревет во три или четирикреветна соба.

ПЛАТА

Студентска работа  во Германија е платена минимално и тоа 9.35 еур по работен саат. Што е барем 7 пати повеќе од нашиот минимален  работен саат а е ист како и кај секој германец. Најчесто платата се исплаќа на крајот од месецот и затоа треба пред поаѓање да понесете доволно средства за првиот месец.
Внимание! Во дозволата за извршување работа од Bundesagentur für Arbeit  најчесто е наведена бруто платата. Ова не мора да соодвествува со нето платата која ќе ја добивате на лице место. За таа цел, со секоја добиена понуда за работна позиција, разговарајте со Контекст за сите детали може на Инстаграм и Фејсбук. 

Можност да не оцените, стиснете 5 звезди


СО ПОЧИТ, КОНТЕКСТ

MITROPOLIT TEODOSIJ GOLOGANOV 26
1000 SKOPJE, MACEDONIA
00389 23 223 579