Вработување во Германија

Вработување vo Germanija

Контекст Вработување во Германија е наша специјалност повеќе од 10 години. Имаме работни позиции низ цела Германија и  вршиме селекција за вработување на  кандидати за голем број на работни места. Најголемиот број вработувања, за кои има голема побарувачка се во услужната дејност. Областа на системската гастрономија како што се McDonalds, SSP, ресторани на бензински пумпи, хотели, класични ресторани и кафетерии се наш приоритет за вработување. Саатницата се движи од 9.35 евра бруто по работен час, а вообичаено се работи помеѓу 35 и 40 часови неделно, во зависност од самиот договор за работа. Вработувањето во Германија е секогаш со работен договор и вообичаено е потпишан на 12 месеци.
Секој вработен во Германија од бруто плата му се одбиваат, одбитоци за пензиско и здравствено осигурување, како и за данок на доход. Даночната класа варира од брачна состојба, деца итн.

Закони за вработување во Германија

Според законот за западен Балкан за неквалификувана работна сила и кој важи до 31.12.2020 год. Граѓаните на Македонија, Србија (Белград, Нови Сад) Босна и Херцеговина (Бања Лука, Добој), Црна Гора (Подгорица), Косово и Албанија може да добијат работна дозвола и престој во Германија. Работни дозволи се добиваат за скоро сите професии, обуки и помошнички дејности. Основно познавање на германски јазик е задолжително, Сертификат за познавање германски јазик не мора.

Новиот закон за доселување во Германија од 01.03.2020 год, се однесува на квалификувани работници, за жители на земји надвор од ЕУ. Значи квалификувани работници од цел свет. Процесот на издавање на визи би требало да е пократок и да трае најдолго 4 – 6 недели. Секој кој има договор за работа ќе добие дозвола за престој на четири години или колку што трае договорот за работа. За квалификувани работници се сметаат сите оние чие стручно образование траело најмалку две години и е „еквивалентно со германското образование“. Планирано е и дека побрзо ќе се одвива процесот за признавање на дипломите. Еден од условите за добивање на работна дозвола, и тоа да заврши во рок од три месеци по предавањето. Преводи и Нострификација на диплома

Во однос на јазикот, Сертификат за познавање германски јазик според новиот закон мора да се поседува. Главно се очекува напредно знаење кое одговара на Б1-ниво што претпоставува можност за учество во разговори на познати теми или за деловно работење, разбирање на емисиите на радио или телевизија за полесна интеграција во Германија.
По четиригодишен престој, квалификуваните лица можат трајно да се населат во Германија, односно стекнуваат право на неограничен престој.

* Секој квалификуван работник, од цел свет има право, нормално доколку ги има потребните стручни квалификации, да дојде и да работи во Германија, тоа е голема конкуренција.

Потребни документи за вработување

  • Пополни Апликација
  • Копија од пасош од горенаведените држави или ЕУ пасош
  • Слики 2 пасошки формат
  • Табеларно CV – Lebenslauf на германски јазик
  • Познавања од Германскиот јазик, тестирање се врши во Контекст по претходно закажан термин. 

По успешно поминатата проверка за познавањата од германски јазик следи предлагање на кандидатот и интервју со работодавач од Германија. Доколку интервјуто помине успешно, следи процедурата за изготвување на потребната документација за германската амбасада.

НАПОМЕНА

Термин за виза во германска амбасада според законот за западен балкан или неквалификувана работна сила, се чека до 12 месеци.
Македонски државјани, кои ќе поднесат барање за виза поради вработување во Германија, не смеат во рамките на последните 24 месеци пред поднесувањето на барањето да имаат користено услуги според Законот за користење услуги на баратели на азил.

Повелете, поставете прашање за сите детали може на Инстаграм и Фејсбук. 

МОЖНОСТ ДА НЕ ОЦЕНИТЕ, СТИСНЕТЕ 5 ЗВЕЗДИ


СО ПОЧИТ, КОНТЕКСТ

Митрополит Теодосиј Гологанов 28, локал 4
1000 Скопје, Македонија
Тел. +389 2 3223 579, Моб. 078 274 420